Падна воен хеликоптер – загинаа тројца од Националната гарда


 

Тројца припадници на Националната гарда на САД загинаа кога нивниот хеликоптер на рутински лет падна западно од Њујорк, соопштија надлежните.

„Хеликоптерот УХ-60 за медицинска евакуација падна во гратчето Мендон во близина на Рочестер“, рече Ерик Дар, директор на одделението за јавни работи за едни и поморски прашања на државата Њујорк.

Истрагат за околностите на несреќата е во тек, пренесе АП.

Хеликоптерот полетал од Меѓународниот аеродром во Рочестер.

Гувернерот на државата Њујорк Ендру Куомо рече дека знамињата на државните згради ќе бидат спуштени на половина копје.

Шерифот на округот Монро на прес-конференција рече дека сведоци повикале итни служби и пријавиле дека слушнале испрекинат звук на мотор и дека хеликоптерот летал многу ниско. Во несреќата нема преживеани.