На 90 години почина легендарната спикерка Бранка Станковска


Почина легендарната Бранка Станковска на 90-годишна возраст. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија (1948-1987).

„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука, па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец, дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радиопрограмите. ТОЧНО Е 12:00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!”, објави на Фејсбук нејзината внука Ирина Костовска.

Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.

Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“ што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.