Земјотрес од 4,5 степени во близина на грчкиот остров Крит


Грција – Во морскиот дел меѓу грчките острово Крит и Касос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 4.5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот бил 48 километри северозападно од Касос, а засега, нема информации за повредени или материјална штета

Снежна покривка од 31 сантиметар на Попова Шапка


Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе. Од Управата за Хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини […]

Адвокати во Њујорк побараа одземање на адвокатската лиценца на Руди Џулијани


САД –  Група истакнати адвокати побараа од властите во Њујорк да му ја одземат лиценцата на Руди Џулијани за вршење на адвокатска работа, поради изнесените лаги за време на судските процеси поднесени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп по претседателските избори во ноември. „Адвокатите за одбрана на американската демократија“, исто така, повикаа на истрага за Џулијани, […]

Во сила влезе светската забрана за нуклеарно оружје, но без нуклеарните сили


Англија– Меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје стапува на сила денеска. Договорот е потпишан од 51 земја, објави „Гардијан“. Иако во некои аспекти, овој потег е во голема мерка симболичен, бидејќи светските нуклеарни сили не се вклучени во договорот, договорот е правно обврзувачки за помалите држави кои го поддржаа и исто така беше одобрен […]

СЗО – Бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари


Швајцарија – Бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари, но вакцините имаат потенцијал да ја контролираат пандемијата. Тоа го изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус. Повеќе од два милиони луѓе починаа од Ковид-19 ширум светот. Тој смета дека развојот и одобрувањето на безбедни и ефикасни вакцини […]

Донација на две амбулатни возила за Здравствениот дом Скопје


Општина Чаир денеска ќе донира две амбулатни возила за Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом Скопје. На примопредавањето, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и директорот за економски прашања на Здравствениот дом Скопје, Бесим Кока. Примопредавањето на донацијата ќе биде пред административната зграда на Општина […]

Без струја делови од Карпош, Чаир, Драчево и Долно Соње, без вода населбата Усје


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 8 до 15 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Кемал Сејфула“ и „Џон Кенеди“ во општина Чаир, а од 9 до 11 часот дел од улицата „Малешевска“ во населба Драчево.  Според информациите од ЕВН Македонија, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од […]

Од 1 до 21 април во земјава ќе се спроведе попис на населението, домаќинствата и становите – прв по 19 години


Пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, а за негова доследна реализација ќе биде изготвена методологија и други пропратни документи. Конечната одлука за одржување на пописот во земјата, прв по 19 години, беше потврдена со вчерашното гласање во Парламентот, зад кое, како што […]

Владата ги објави платите на министрите


  Владата ги објави платите на министрите. Најголема плата зема премиерот Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата е 87.813 денари.   На второ место е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој добива 85.113 денари личен доход (со 18 години стаж). Следува министерката за труд […]

На 66 години почина легендарната актерка Мира Фурлан


САД –  Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, објавено е на нејзиниот профил на Твитер. Таа починала во средата, 20 јануари, но информацијата беше објавена денеска. Веста ја потврди и нејзиниот пријател, авторот на американската научно-фантастична серија „Вавилон 5“, Мајкл Страчински, во која Фурлан ја играше амбасадорката Минбари Делен. „Ноќ […]

МНТ ќе го најави проектот „Патишта на хероите“


Македонскиот народен театар денеска ќе го најави најновиот проект „Патиштата на хероите“, кој е финансиски поддржан од Креативна Европа. Станува збор за комплексен проект со времетраење од две и пол години, чиј почеток се очекува во февруари годинава. Покрај МНТ како главен партнер, во проектот се вклучени уште шест организации од кои една од Северна […]

Министерот Османи во официјална посета на Црна Гора


Министерот за надворешни работи на Бујар Османи, денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Ѓорге Радуловиќ. Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, Османи ќе има средби со целиот државен врв на земјата. Покрај со Радуловиќ, Османи ќе има средби и со претседателот на Црна Гора […]

Второто полугодие почна со хибридна настава, бојкот на дел од матурантите и дискусии за концепцијата за основно образование


Наставата во второто полугодие продолжи по истиот, хибриден модел, како и во првиот дел од учебната 2020/2021 година затоа што, според Министерството за образование и наука, се покажал успешен и обезбедува континуитет во образовниот процес во услови на пандемија. Учениците до трето одделение и повозрасни од помалите училишта, главно подрачни и во рурални средини, вчера […]

Стабилизација на епидемијата со Ковид-19 во земјата, преполовен бројот на хоспитализирани


Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти вчера Министерството за здравство. Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16 отсто, што споредено со средината […]

На Фаучи му олеснило што повеќе нема да противречи на претседателот на државата


САД– Водечкиот американски инфектолог Ентони Фаучи, советник во Белата куќа за пандемија на коронавирус, вчера призна дека му олеснило што повеќе не треба да му се спротивставува на Доналд Трамп. Еден ден по инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, директорот на Националниот институт за инфективни болести се врати во салата за прес-конференции во Белата куќа. […]

Гугл со закани дека ќе ја запре достапноста во Австралија


Австралија – Американската компанија Гугл се закани дека ќе им ја одземе можноста на Австралијците да го користат тој пребарувач доколку Канбера не го измени својот предлог-закон, што има за цел да го обврзе интернет гигантот да им плаќа на медиумите за нивната содржина. – Доколку овој закон биде изгласан, нема да имаме друг рационален избор […]

„Тајмс“: ОИ во Токио ќе се одложат поради Ковид-19


Јапонија –  Јапонската влада дошла до заклучок дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани поради пандемијата на коронавирусот, објави Тајмс. Британското издание се повикува на неименуван висок член на владејачката коалиција. Фокусот на владата сега е – Токио да биде домаќин за следните можни ОИ за кои се уште нема одреден домаќин во 2032 […]

Инаугурацијата на Бајден погледана од онаа на Трамп пред четири години


САД – Околу 40 милиони луѓе ја гледаа на телевизија инаугурацијата на демократот Џо Бајден за претседател на САД. Тоа е за четири проценти повеќе од гледаноста на инаугурацијата на Доналд Трамп во 2017 година, соопшти компанијата Нилсон, врз основа на податоците од шест телевизиски станици што ја емитувале церемонијата. Податоците се однесуваат на 30-минутен период […]

Приходите на хотелите на Трамп со големи намалувања во 2020 година


САД–  Приходите од најпознатите хотели на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се намалени минатата година кога пандемијата силно ја погоди економијата, се наведува во финансискиот извештај објавен во средата, последниот ден од неговиот мандат. Хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон заработи 15,1 милиони долари во 2020 година и првите три недели од 2021 година, покажува извештајот на […]

Фон дер Лајен: Вакцини од ЕУ за Западен Балкан „најбрзо што може“


Белгија – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не беше во можност да даде конкретен рок кога Западниот Балкан може да очекува вакцини преку ЕУ или преку механизмот Ковакс, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали може да каже јасно кога ќе пристигнат ветените вакцини во регионот, Урсула фон дер […]