Силен земјотрес на Кипар: Се тресеше најмалку 15 секунди


 

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер го погоди островот Кипар, а засега нема инфромации за штети.

Потресот се случил во 15.27 часот и го почувствувале станарите на посвисоките згради во Никозија, а некои излегле од зградите.

Кипар се наоѓа во трустно подрачје, но силни земјотреси не се чести.Најсилниот во поновата историја бил со магнитуда од 6,3 степени во 1996 година и предизвикал помала штета.

На страницата на ЕМСЦ, едно сведоштво за денешниот земјотрес вели: „Се тресеше сè околу 15 секунди“.