Австрија во училиштата праќа 5 милиони тестови за кoрона вирус


Австриските училишта на 18 јануари ќе добијат пет милиони тестови за корона вирус во рамки на напорите да се сузбие заразата, а учениците да се вратат во училиште. Тестирањето ќе биде доброволно, а наставниците ќе може да се тестираат еднаш неделно,најави министерот за образование Хајнц Фашман. „Тестирањето е исправен одговор за да може да го […]

Снежната бура во Шпанија однесе четири животи, владата прогласи највисок степен на тревога


  Снежна бура, каква во Шпанија не е забележана во последните 50 години го окова главниот град Мадрид, а и другите делови. Засега, медиумите јавуваа за четири жртви. Имено, жена и м загинале во својот автомобил на југот од земјата, кога реката го пробила коритото кај Малага, а полицијата во Мадрид извести за бездомник кој […]

УХМР: Зголемен водостојот на повеќе реки, да се избегнува движење покрај нив, вечер повторно врнежи


После синоќешните врнежи зголемен е водостојот на повеќето реки низ земјава, а на дел од нив има и значително високи водостои. Особено висок беше водостојот на река Радика кој за време на ноќта достигна висина од 177 см. на хидролошката станица Бошков Мост и бележи континуирано зголемување последните два дена (во кои има пораст од […]

Приврзанците на Трамп се закануваат: „Ќе упаднеме во владини згради и ќе убиваме полицајци и агенти“


  Знаци на предупредување биле видливи со недели, денови и часови пред упадот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп, во зградата на Конгресот. Десничарски групи повикувале на социјалните мрежи на граѓанска војна, убиства на политичари и напади на полицијата, а екстремистите сега се погласно повикуваат на насилство пред инаугурацијата на Џо Бајден, пишува Си-ен-ен. […]

Денеска 1.769 заразени во Србија, починаа 35 лица


  Според последните информации во Србија денеска забележани се 1.769 новозаразени со корона вирусот од 11.123 тестирани, Починаа уште 35 пациенти. На респиратор се207 пациенти. Во Србија од почетокот на пандемијата потврдени се 357.894 случаи со корона вирус, а починаа вкупно 3.548 луѓе.

Италијанката Гоџа победи на спустот во Сент Антон


Италијанската скијачка Софија Гоџа во доминантен стил триумфираше на третиот спуст сезонава во Светскиот куп што денеска се возеше во австрискиот зимски центар Сент Антон. Гоџа стигна до својата деветта победа во кариерата со предност од 0,96 стотинки пред второпласираната Тамара Типлер од Австрија и 1,04 секунди пред Американката Бризи Џонсон. Италијанката со денешниот триумф се зацврсти на врвот во поредокот […]

Французинот Пинтуро најбрз на велеслаломот во Аделбоден


 Францускиот скијач Алексис Пинтуро ја забележа третата велеслаломска победа во низа сезонава во Светскиот куп, откако триумфираше попладнево на патеката во Аделбоден. Второто место го освои Хрватот Филип Зубчиќ, кој заостана 1,26 секунди зад Пинтуро, додека трет беше Швајцарецот Лоик Меилард со заостанување од 1.65 секунди. Пинтуро со својата 33 победа во кариерата, а 17 […]

Мишел Фајфер хипнотизира во новата „француска врска“


САД– Во есејот од 1991 година, Џон Грегори Дан рече дека на машките sвезди им е дозволено да стареат благодатно на екранот, за разлика од жените: „Мажите стануваат постари; жените стареат “. Општо, тој е во право: Актерството отсекогаш била тешка професија, особено за жените над 35 години. Дан (1932-2003) за жал не живееше доволно […]

Почина Ненад Стефановиќ Јапанац, поранешниот басист на „Бајага и инструктори“ и „Пилоти“


Србија– Ненад Стефановиќ Јапанац, поранешен басист на групите „Бајага и инструктори“ и „Пилоти“, а соработувал и со „Бијело дугме“, Оливер Мандиќ и Ѓорѓе Балашевиќ, почина вчера, на 62-годишна возраст. „Драги наши пријатели, минатата година ја испративме тажно, со заминувањето на Миша Алексиќ, а за жал, и оваа започна лошо, со заминувањето на Ненад Стефановиќ – […]

Вистината за толпата на Трамп


ЏЕФРИ САКС Белите насилници што упаднаа во Конгресот не се нова појава во Америка, ниту тие поттекнуваат од времето на Трамп. Тие толпи беа секогаш тука кога требаше да се биде насилнички, на пример, кон Афроамериканците. Настаните на 6 јануари тргнаа на лошо кога белата толпа се сврте против белите политичари   Бурата во американскиот […]

Претседателот на Бугарија, Радев, бара гласовите на изборите да се бројат јавно во телевизиски пренос


Претседателот на Бугарија, Румен Радев, и вонпарламентарното здружение Демократска Бугарија сакаат пребројувањето на гласачките ливчиња да оди јавно и тоа да се пренесува преку интернет. Радев имаше денеска поединечни состаноци со трите вонпарламентарни партии кои според анкетите треба да го поминат прагот за влез во собранието. И на сите нив, како што јавуваат бугарските медиуми, […]

Спасени од сигурна смрт 50 имигранти од Сирија оставени на отворено и немирно море кај Валона


Припадниците на албанската крајбрежна служба, поморската патрола на Гуеарда ди финанца и полицијата од Валона, од сигурна смрт, во текот на ноќта, спасиле 50 имигранти од Сирија, меѓу нив жени и деца кои останале на отворено и немирно море при обид да поминат илегално со гумен чамец кон Италија . Чамецот,поради дефект, останал блокиран неколку […]

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 766 пациенти со Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.   Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На  инфективното одделение во […]

И Србија дава државјанство на странски инвеститори


Српската влада неодамна донесе одлука за прием во српско државјанство на Керем и Абдулвахап Сојлемез, сопственици на турската компанија „Soylemez Rubber & Plastic“, кои отворија фабрика во Житораѓа во која се произведуваат делови за автомобилската индустрија, дознава „Блиц Бизнис“. Ова практично значи дека српските власти ја продолжуваат практиката, која е присутна во последниве години, да […]

Падна авион во Индонезија, настрадаа повеќе од 50 патници


  Во пад кај Џакарта во индонезија настрадаа повеќе од 50 патници, јави Ројтерс повикувајќи се на локалните медиуми. Авионот на комапнијата „Сривиџава ер“, се сруши по неколку минути од полетување од аеродромот во Џакарта. Авионот падна за помалку од минута од височина од три километри. Се работи за 27 години стар авион „боинг 737-500“, […]

Во Хрватска 1.401 новозаразени, а починаа 38 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска потврдени се 1.401 нов случај на корона вирус, а тестирани се 8.609 примероци. Починаа уште 38 пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 5.798. Во болница се 2.084 пациенти, од кои 191 на репиратор. Досега во Хрватска од корона вирус се заразија 219.347 лица, од кои починаа 4.342 пациенти.

Зад транспортерите е една од најтешките години, спас гледаат во заживување на сите економии


По тешката и неизвесна 2020 година во услови на пандемија превозниците посакуваат новата 2021 година да донесе безбедни патишта, зголемена активност во сите економии во светот и, како што истакнуваат, да се врати мирот и спокојот во свет без  Ковид-19. – Желбите за 2021 година се големи, а предизвиците уште поголеми, да има работа за […]

Во САД првпат регистрирани повеќе од 300.000 новозаразени за еден ден


САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот корона вирус. Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера. Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за […]

Брижит Макрон беше позитивна на Ковид-19 за време на празниците


 Брижит Макрон, првата дама на Франција беше позитивна на Ковид-19 за време на празниците на крајот на годината поминати во Брегансон, изјави нејзиното опкружување за „Фигаро“, потврдувајќи ја информацијата на радиото Европа 1, јави дописникот на МИА. Првата дама продолжи со своите активности во понеделникот, 4 јануари ” затоа што се тестираше негативно на 30 […]

Меркел: Ниедна држава не е безбедна од Ковид-19 ако не се и нејзините соседи и пријатели


Ниту една земја не е безбедна од коронавирусот, ниту Германија, ако не се и нејзините пријатели и соседи, истакна германската канцеларка Ангела Меркел. Таа изрази верување дека е добра одлука да се набави вакцината во заеднички процес преку ЕУ. „Вирусот кој влијае на сите нас не може да биде поразен од една земја самостојно. Ниту […]