Австрија во училиштата праќа 5 милиони тестови за кoрона вирус


Австриските училишта на 18 јануари ќе добијат пет милиони тестови за корона вирус во рамки на напорите да се сузбие заразата, а учениците да се вратат во училиште.

Тестирањето ќе биде доброволно, а наставниците ќе може да се тестираат еднаш неделно,најави министерот за образование Хајнц Фашман.

„Тестирањето е исправен одговор за да може да го премостиме периодот додека не се доврши вакцинирањето на населението“, додаде тој.

Училитштата во Австрија работат онјлајн од 7 до 17 јануари, но не е јасно кога повторно ќе се отворат.

Од родителите на помалите деца ќе се побара тие да го направат тестирањето дома, а постарите ќе можат во училиштата.

„Ќе има родители кои ќе одбијат, но севкупно тоа е прилика да останат училиштата отворени“, вели Фашман.

Тестирањето се врши со стапче во нос, но не длабоко како стандардниот тест. АКо некој покаже инфекција на ова тестирање, ќе оди на понатамошни испитувања. Резултатот е видлив по само 15 минути.

Наставниците треба да почнат да се вакцинираат од втората половина на февруари, а тоа не е задолжително. Австрија има 8,9 милиони жители, а во моемнтот е во трет локдаун и отворени се само најнеопходните дуќани. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 379.071 случаи на зараза, а 6.687 починаа од последиците од Ковид-19.