Снежната бура во Шпанија однесе четири животи, владата прогласи највисок степен на тревога


 

Снежна бура, каква во Шпанија не е забележана во последните 50 години го окова главниот град Мадрид, а и другите делови.

Засега, медиумите јавуваа за четири жртви. Имено, жена и м загинале во својот автомобил на југот од земјата, кога реката го пробила коритото кај Малага, а полицијата во Мадрид извести за бездомник кој премрзнал до смрт.  Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег.

Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата.

Бурата „Филомена“ предизвика и тотален колапс на сообраќајот, а многу граѓани на Мадрид се изненадени од условите кои утрово пред да одат на работа, ги дочекаа на улиците.

Големи снежни наноси во Мадрид не се честа појава со оглед на тоа дека во овој град, но и во поголемиот дел од Шпанија зимите се благи и суви.

Освен што повеќето мадридски улици се блокирани, поради временските услови откажани се сите авионски летови.

Државната метеоролошка станица соопшти дека ова е најголемиот снег кој паднал во Мадрид од 1971 година. СПоред официјалните податоци, слично време се очекува во Шпанија и во следните два дена , па заради тоа владата прогласи највисок степен на тревога.