Во Словенија нови над 2.000 заразени со Ковид-19 за изминатите 24 часа


Во изминатите 24 часа во Словенија, 14.718 тестови потврдија нови 2.045 новоинфицирани со коронавирусот и 25 смртни случаи. Бројот на позитивни од тестираните е се уште многу висок – над 30 проценти, соопшти словенечката влада. Хоспитализирани се 1.160 пациенти со Ковид-19, од кои 191 пациент е на интензивна нега.

„Гугл“ ја блокираше апликацијата „Парлер“, „Епл“ се закани дека ќе ја отстрани од „ап стор“


„Гугл“ ја блокираше апликацијата „Парлер“ затоа што дозволила дистрибуција на „екстремно лоша содржина“ што може да предизвика смртоносно насилство како што беше видено на Капитол. „Свесни сме за континуираното објавување во апликацијата „Парлер“, која се обидува да поттикне континуирано насилство во САД “, соопшти „Гугл“. И „Епл“ се закани дека ќе ја отстрани социјалната мрежа […]

Трамп го изгуби Твитер, неговиот најголем политички мегафон. Што ќе прави сега?


Протерувањето на Трамп од Твитер веројатно дополнително го ќе разбесни веќе нестабилниот претседател, но многумина го поздравија потегот како пресвртница што одамна требаше да се направи   Од неговиот прв извршен твит утрото на денот на инаугурацијата 2017 до неговиот последен твит во петокот, најавувајќи дека нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, личниот […]

Два кинески града ги повикаа жителите да останат дома поради нови случаи на Ковид-19


Властите во два кинески града јужно од Пекинг ги повикаа жителите да останат во своите домови седум дена, бидејќи се обидуваат да ја контролираат епидемијата на коронавирусот во која над 300 луѓе биле тестирани позитивно во изминатата недела. Според официјалните соопштенија објавени на социјалните мрежи, градовите Шидјиажуанг и Сингтаи во провинцијата Хебеи го ограничија движењето […]

Десет бебиња загинаа во пожар во болница во Индија


  Десрт новороденчиња загинаа во голем пожар во болница во Махараштра, најбогатата индиска држава, објавија од болницата, а водечките политичари изразија жалење. „Пожарто изби денеска во 2 часот наутро“, рече хирургот Прамод Кандате од Општата болница во оваа западна индиска држава. Седум од 17 деца на одделот за болни новороденчиња се спасени. Премиерот на државата […]

МВР не сака да дава државјанства со тројца сведоци 


Предлог-законот за државјанство што го поднесоа албанските опозициски партии не наиде на поддршка во надлежните институции, пишува „Дојче веле“. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од три […]

Ројтерс: Ако демонстрантите беа црнци „стотици“ ќе беа убиени


Расната нееднаквост во САД повторно се најде во центарот на вниманието, бидејќи толпа претежно бели приврзаници на Доналд Трамп лесно влетаа во Капитол хил во средата и поминаа без поголеми последици, велат жителите на Вашингтон, активисти, политичари, па дури и новоизбраниот претседател Џо Бајден. Демонстрантите пробија барикади, кршеа прозорци, грабаа сувенири и упаднаа во просториите […]

Се влошува епидемиолошката состојба во Италија


  Во последните седум дена во Италија се бележи влошување на епидемиолошката состојба, пишува онлајн весникот „Фанпејџ“, која ги пренесува податоците од Министерството за здравство. Процентот на заразени со корона вирус, во однос на тестирание расте како и индикаторот на брзината на ширење на Ковид-19, кој се добива врз основа на 21 параметар. Епидемиолошката ситуација […]

Во 2020 година исплатени 10,6 милиони евра државна помош за странски инвестиции


Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година исплати над 10,6 милиони евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Ова е 94,4 отсто реализација на предвидената државна помош за изминатата година исплатена кон странските инвеститори во земјава. Како што информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, дополнително е одобрена и предвремена […]

Речиси 4 милиони евра од судски пресуди, договорни казни и активирани банкарски гаранции во Буџетот на Општина Центар 


Општина Центар и покрај минатогодишната состојба со пандемијата на КОВИД 19, успеа врз основ на судски пресуди и активирани банкарски гаранции во буџетот да инкасира вкупно 223.973.602 денари, односно речиси 4.000.000 евра. Одделението за нормативни и правни работи при Секторот за правни и организациони работи на Општина Центар тековно ги реализираше судските постапки и спорови […]

Супермоделот Кристи Бринкли доби нов колк, 26 години по хеликоптерската несреќа


САД-Никогаш не сте премногу стари за да бидете во форма – само прашајте ја Кристи Бринкли! 66-годишниот супермодел, со најмногу насловници на модни магазини во САД, сподели на Инстаграм дека одвоила малку време за време на тековната пандемија на коронавируси во 2020 година за да добие замена за колкот по падот на нејзиниот хеликоптер во […]

Продажбата на автомобили во Европа во 2020 – најлоша година во последните неколку децении


Најдобрите европски пазари за автомобили лани го забележаа најголемиот годишен пад на продажбата во последните неколку децении, со постојаните ограничувања заради корона вирусот, во очекувае да закрепнат на почетокот на оваа година. Регистрациите на автомобили паднаа за околу 25 проценти минатата година во Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија, петте најголеми европски земји за […]

Помпео соработува со Блинкен за транзиција на власта


САД–  Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео се состана со кандидатот на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден за таа функција, Ентони Блинкен, со цел „да се олесни уредната транзиција и да се осигури дека американските интереси се заштитени во странство“, изјави висок претставник на Стејт департментот. „Нивната средба беше многу продуктивна“, рече официјалното лице. Тој додаде […]

Не очекуваме зголемување на цената на струјата, вели Бислимоски


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА говори за цената на струјата, кондицијата на енергетските компании, заштитата на потрошувачите од ценовните шокови, водните и комуналните услуги и плановите за Новата 2021 година. Дали се очекува зголемување на цената на електричната енергија поради намаленото производство во хидроцентралите […]

Пад на акциите на Твитер откако трајно го блокираше налогот на Трамп


САД – Вредноста на акциите на Твитер падна за повеќе од два проценти на Њујоршката берза веднаш по одлуката за трајно суспендирање на налогот на Доналд Трамп поради ризик од „понатамошно поттикнување на насилство“. Вредноста на акциите на таа компанија остана на скоро 50,2 американски долари, но нивната вредност падна за 2,4 проценти. Минатата среда, по […]

Земјоделците и откупувачите од Струмичко очекуваат уште една успешна сезона


Градинарите и откупувачите од Струмичко очекуваат да продолжат позитивните трендови на успешни производствени и откупни сезони и во 2021 година. Се согласуваат дека во изминатата сезона и покрај пандемијата од Ковид-19 откупот и пласманот течеа без проблеми, со исклучок на одделни градинарски култури. Според оценката на Ристо Велков од Сојуз на синдикати на земјоделци од […]

Амстердам планира забрана за марихуана за туристите


Холандија – Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови“ каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната. Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на мека дрога“, напиша во писмото до Градски совет. – Во последниве години, видовме дека побарувачката […]

Поради снежната бура „Филомена“, Мадрид и делови од Шпанија се во вонредна состојба


Шпанија –  Обилните снежни врнежи од невремето „Филомена“ ги ставија во вонредна состојба Мадрид и други делови на Шпанија, поради тоа што е нарушен сообраќајот и принудени се  некои региони да испраќаат војници да ги расчистат патишта. Со прогноза за снег до 20 см за 24 часа и температури од околу 0 степени Целзиусови, југот на […]

Во САД за првпат регистрирани над 300.000 новозаразени за 24 часа


САД– САД за првпат регистрирале повеќе од 300.000 нови инфекции со новиот коронавирус. Според секојдневниот ажуриран преглед на „Ковид Трекинг Проџект“, новите случаи за изминатите 24 часа се – 310.000, хоспитализирани се 131.889, а починатите се 3.777 – нешто под рекордните над 4.000 регистрирани вчера. Рекордно високи се и просечните бројки за истите индикатори за период […]

Пад на фрекфенцијата на струјата во Источна Европа, избегнато масовно исклучување


Франција–  „Ненадеен пад на фреквенцијата на електрична енергија“ во електричната мрежа „во Источна Европа“, е регистриран вчера што беше решено со намалување на потрошувачката, се вели во соопштение на менаџерот на француската мрежа РТЕ. Падот на фреквенцијата „резултираше со автоматско прекинување на потрошувачката на 16 француски индустриски локалитети“, што е „доброволно и според договорите“, посочува РТЕ. […]