Претседателот на Бугарија, Радев, бара гласовите на изборите да се бројат јавно во телевизиски пренос


Датумот за одржувањето на изборите го одредува претседателот Румен радев. Тој уште премерува

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, и вонпарламентарното здружение Демократска Бугарија сакаат пребројувањето на гласачките ливчиња да оди јавно и тоа да се пренесува преку интернет. Радев имаше денеска поединечни состаноци со трите вонпарламентарни партии кои според анкетите треба да го поминат прагот за влез во собранието. И на сите нив, како што јавуваат бугарските медиуми, бил изразебна голема загриженост дека може да има манипулации на изборите.

Според копретседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, јавното броење било ова е исклучително важна мерка и за тоа треба да се направат законски измени. Овој предлог цврсто го поддржал Радев.

Претходно, партијата на Слави Трифонов, Има таков народ, ја искажа главната грижа – дека тие ќе бидат организирани од ГЕРБ, партијата на премиерот Бојко Борисов, што фрлало сенка на сомнеж за тоа колку ќе бидат фер.

Подоцна, претседателката на Исправи се.бг, Маја Манолова, на состанокот со шефот на државата рече дека институциите се обидуваат да ги саботираат изборите, поради што вонпарламентарните партии, невладините организации и граѓаните треба да создадат паралелна Централна изборна комисија да ги објави резултатите од гласањето.