Почина Ненад Стефановиќ Јапанац, поранешниот басист на „Бајага и инструктори“ и „Пилоти“


Србија– Ненад Стефановиќ Јапанац, поранешен басист на групите „Бајага и инструктори“ и „Пилоти“, а соработувал и со „Бијело дугме“, Оливер Мандиќ и Ѓорѓе Балашевиќ, почина вчера, на 62-годишна возраст.

„Драги наши пријатели, минатата година ја испративме тажно, со заминувањето на Миша Алексиќ, а за жал, и оваа започна лошо, со заминувањето на Ненад Стефановиќ – Јапанац, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите бас-гитаристи досега на овие и не само на овие простори. Неша свиреше на нашите албуми „Са друге стране јастука“, „Продавница тајни“, „Музика на струју“ и на уште многу други песни. Свиреше со многу наши колеги „Бијело дугме“, Оливер Мандиќ … Голема е празнината на нашето музичко небо по неговото заминување. Почивај во мир, драг Нешо. Овој свет на музика веќе нема да биде ист без тебе. Те сакаат твоите „Бајага и инструктори“, напишува членовите на бендот на нивниот официјален профил.
Стефановиќ учествуваше во создавањето на над 1.000 изданија на југословенската и српската поп-рок сцена, а беше претставени во култниот Лексикон на ЈУ-Митологија под Неша Јапанац.