Во Хрватска 1.401 новозаразени, а починаа 38 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска потврдени се 1.401 нов случај на корона вирус, а тестирани се 8.609 примероци.

Починаа уште 38 пациенти.

Бројот на активни случаи изнесува 5.798.

Во болница се 2.084 пациенти, од кои 191 на репиратор.

Досега во Хрватска од корона вирус се заразија 219.347 лица, од кои починаа 4.342 пациенти.