(Во живо) Прес на министерот Бектеши


Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на пладне ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги објасни мерките преземени за справување со корона вирусот. Проследете ја во живо:

Во Словенија невработените добиваат по 514 евра кризен додаток


Заводот за вработување на Словенија за само една недела на 650 лица кои изгубија работа поради епидемијата на коронавирусот им исплати финансиски кризен додаток од 514 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. За помошта досега аплицира 1.930 лица, а прифатени биле над 80 отсто информираат од заводот. Оваа помош е дел од првиот таканаречен …

Во Словенија невработените добиваат по 514 евра кризен додаток Read More »

Во Шпанија на 16 јули церемонија во чест на починатите од Ковид-19


Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска соопшти дека државната церемонија во чест на починатите од Ковид-19 ќе се одржи на 16 јули. Тој пред пратениците во Парламентот рече дека церемонијата ќе ја води шпанскиот крал Филип Шести и оти на неа ќе присуствуваат и претставници на ЕУ и СЗО. Церемонијата ќе се одржи четири месеци по …

Во Шпанија на 16 јули церемонија во чест на починатите од Ковид-19 Read More »

Ситуацијата е сериозна: Пекинг повторно воведува карантин


  Пекинг воведува ограничувачки мерки поради новиот бран заразени од корона вирус, а властите апелираа граѓаните да не излегуваат од дома, пренесе „Саут Чајна морнинг пост“. Весникот наведува дека се затвораат училиштата и основните и средните, а учениците ќе учат од дома. Се затвораат сите универзитети, како и сите забавни и спортски објекти. Ситуацијата со …

Ситуацијата е сериозна: Пекинг повторно воведува карантин Read More »

Почина диџеј Ицко од Антена 5, не се избори со Ковид-19


Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко, кој долги години работеше во Радио Антена 5 радио почина како последица на компликации од корона вирусот. Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, изразувајќи жалење поради прерано згаснатиот живот на човекот кој со својата дарба придонесе кон развојот на македонската …

Почина диџеј Ицко од Антена 5, не се избори со Ковид-19 Read More »

Спасовски: Договорот од Преспа го расчисти и забрза патот на нашите евро-атлантски аспирации


Договорот од Преспа стави крај на тридеценсикиот проблем со Грција и ги постави основите за нашата подобра и посакувана иднина уште од независноста на земјата – членство во НАТО и забрзување на ЕУ-интеграцијата на земјата, истакна премиерот Оливер Спасовски денеска на одбележувањето на двегодишнината од потпишувањето на Договорот. -Денеска се навршуваат две години од потпишување …

Спасовски: Договорот од Преспа го расчисти и забрза патот на нашите евро-атлантски аспирации Read More »

Група од 86 НВО-а бараат од Кина да се откаже од Законот за национална безбедност на Хонг Конг


Група од 86 светски познати невладини организации посветени на почитувањето на човековите права и слободи во заедничко писмо ги повика кинеските власти да ги напуштат плановите за воведување на Закон за национална безбедност во Хонг Конг, тврдејќи дека тој ги загрозува загарантираните основни права и слободи. Писмото го потпишаа, меѓу другото, Амнести Интернешнл, Хјуман Рајтс …

Група од 86 НВО-а бараат од Кина да се откаже од Законот за национална безбедност на Хонг Конг Read More »

Се формира Коалиција за клима за поамбициозни климатски политики


Се формира коалиција за клима од граѓански организации кои работат на едукација и информирање за овие теми со цел зголемување на учеството на граѓаните во носењето на одлуки и мониторирање на спроведувањето на истите. Климатските промени се вистински предизвик за сите влади и носители на одлуки, но притисок од јавноста е многу потребен со цел …

Се формира Коалиција за клима за поамбициозни климатски политики Read More »

Приватните болници ќе ги спасуваат преполните со заразени државни клиники


Капацитети има, кадар се помалку. Здравствените работници се изморени, дел го плаќаат данокот на вирусот, а состојбата „се крпи“ со ротации на кадри од други болници. Даваме се од себе, не се откажуваме, но преморени сме. Ова е најчестата изјава на здравствените работници кои повеќе од три месеци се на работните места каде секојдневно се …

Приватните болници ќе ги спасуваат преполните со заразени државни клиники Read More »

Димитров: Пред две години покажавме дека чудата се возможни


Се соочивме со најголемиот проблем, за многумина нерешлив, се вложивме целосно и мислејќи на идните генерации, пред две години покажавме дека чудата се возможни. Зборовите на медијаторот, Метју Нимиц, „по Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик” се најдобар доказ за исполнувањето на нашата мисија, порача …

Димитров: Пред две години покажавме дека чудата се возможни Read More »

Грчките хотели не сакаат да се претворат во болници


Хотелите не се, ниту ќе станат болници, велат од Грчката федерација на хотелиери во писмото испратено до Министерството за туризам, во кое посочуваат неколку забелешки за протоколите за работа, а се однесуваат на деловите за соработката со лекар, работата на  затворените базени во внатрешноста и организирањето конференции во самите хотели, јави дописничката на МИА од …

Грчките хотели не сакаат да се претворат во болници Read More »

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 30 години постоење


 ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 30 години од основањето во далечната 1990 година. На денешен ден беше крунисана идејата да се создаде политички субјект кој ќе биде носител на вековната македонска борба за сопствена независна и самостојна држава. Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која прва зборуваше за Македонија надвор од југословенската федерација. И тој идеал својата финализација ја …

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 30 години постоење Read More »

Заев: Преспанскиот договор вредеше


Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ!, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Вредеше, посочува Заев, затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и …

Заев: Преспанскиот договор вредеше Read More »

(ВИДЕО)Будва под полициска опсада по апсењето на градоначалникот


Хосот во Црна Гора продолжува. Нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите се префрли и на локално поле. Синоќа бил уапсен градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ , како и претседателот на Советот на општината. Причина за апсењето наводно е неговата поддршка на литиите на Српската црква. Специјалците на специјалната единица САЈ упаднаа во …

(ВИДЕО)Будва под полициска опсада по апсењето на градоначалникот Read More »

Корисниците на домашна платежна картичка да следат информации од банките


Македонската банкарска асоцијација (МБА) апелира корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката. Од МБА денеска информираа дека сите нивни членки вклучени во проектот „Купувам домашно“, преку кој во следните недели треба да се изработат и дистрибуираат до …

Корисниците на домашна платежна картичка да следат информации од банките Read More »

Петар Атанасов отпаднал од трката за ректор


 Петар Атанасов соопшти дека Универзитетската изборна комисија вчера без да го извести претходно и без сериозна причина  не го прогласила за официјален кандидат во натпреварот за избор на нов ректор на УКИМ, а сите други шест кандидати освен него, како што вели, се јасно нотирани во одлуката за избор. Во отворено писмо наведува дека  сите …

Петар Атанасов отпаднал од трката за ректор Read More »

Маска не носеле 633 лица, на 336 издадени решенија за изолација


 Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација, соопштија …

Маска не носеле 633 лица, на 336 издадени решенија за изолација Read More »

Сместувачките објекти и хотелите од понеделник работат по специјални протоколи


Од понеделник 22 јуни ќе почнат со работа хотелите и другите угостителски објекти за сместување туристи. Тоа е овозможено со Протоколот што го усвои Владата на синоќешната 69-та седница, кој ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и …

Сместувачките објекти и хотелите од понеделник работат по специјални протоколи Read More »

Израел го одобри лекот ремдесивир за третман на заболените од Ковид-19


Израел денеска ја одобри употребата на антивирусниот лек на компланијата Гилед – ремдесивир  за лекување на пациенти со Ковид-19. Ремдесивир е првиот лек за кој при тестирањето на луѓе се покажа дека е ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус. Јужна Кореја, Јапонија, Индија, САД и Сингапур веќе го одобрија за употреба во итни случаи Канцеларијата …

Израел го одобри лекот ремдесивир за третман на заболените од Ковид-19 Read More »

По новите случаи на Ковид-19, војската на Нов Зеланд ги чува карантините


Нов Зеланд денеска соопшти дека армијата ќе ги надгледува карантинските објекти и ќе ги заостри граничните контроли, откако на две лица заразени со корона вирусот им било дозволено да се движат низ целата земја. Нов Зеланд вчера го загуби статусот „земја без корона“, откако на две жени кои пристигнаа од Велика Британија им било дозволено …

По новите случаи на Ковид-19, војската на Нов Зеланд ги чува карантините Read More »