Ситуацијата е сериозна: Пекинг повторно воведува карантин


 

Пекинг воведува ограничувачки мерки поради новиот бран заразени од корона вирус, а властите апелираа граѓаните да не излегуваат од дома, пренесе „Саут Чајна морнинг пост“.

Весникот наведува дека се затвораат училиштата и основните и средните, а учениците ќе учат од дома. Се затвораат сите универзитети, како и сите забавни и спортски објекти. Ситуацијата со вирусот е окарактеризрана како сериозна.

Властите од кинската престолнина апелираа граѓаните да не го напуштаат градот, но во случај на потреба мора да приложат потврда дека не се заразени, соопшти заменик-секретарот на владата на пекинг, Чеј Беј. Тестот не смее да биде постар од седум дена.

Пред неколку дена на еден од најголемите пазари во Пекинг откриено е ново жариште на корона вирус. Претставник на главниот град исјави дека сите новооткриени носители на вирусот го посетиле кванташкиот пазар, а надлежните од областа Фенгтаи соопштија дека од претпазливост потполно изолирале 11 квартови во околината на пазарот.

Во вторникот во Пекинг регистрирани се 27 заразни од Ковид-19. по два месеца бе ниту еден случај. Од 11 јуни вкупно се регистрирани 106 заразени пациенти кои се наоѓаат во изолација во болница.