Почина диџеј Ицко од Антена 5, не се избори со Ковид-19


Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко, кој долги години работеше во Радио Антена 5 радио почина како последица на компликации од корона вирусот.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, изразувајќи жалење поради прерано згаснатиот живот на човекот кој со својата дарба придонесе кон развојот на македонската електронска сцена.

Ицко подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.