(ВИДЕО)Будва под полициска опсада по апсењето на градоначалникот


Хосот во Црна Гора продолжува. Нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите се префрли и на локално поле. Синоќа бил уапсен градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ , како и претседателот на Советот на општината. Причина за апсењето наводно е неговата поддршка на литиите на Српската црква.

Специјалците на специјалната единица САЈ упаднаа во зградата на општината и ги приведоа првите луѓе што предизвика големо незадоволство кај жителите на Будва.На оваа акција претходел обид на кородон полицајци да обезбедат влез на Управната инспекција во просториите на Општината Будва. Поради оваа акција утрово во Будва е тензично, собрани се поголем број граѓани, а градскиот булевар е блокиран. Градот е под целосна полициска опсада пренесуваат тамошните медиуми.

Покрај овие двајца уапсен е и секретариот за инвестиции Младен Микијел. Според медиумите лишени од слобода се и синот и братот на Марко Царевиќ.

При акцијата се искршени прозори на општинската зграда, а полицијата употребила и хемиски средства. Дестина комбиња полни со полициски службеници се пристигнати во Будва каде од рано утрово општинските функционери и граѓани ги имаат запоседнато просториите.