Донација од „Алкалоид“ за „Кинотека“


Кинотеката доби донација од „Алкалоид“ АД Скопје во форма на средства за одржување хигиена. Во време на засилени мерки кои налагаат стриктно следење, меѓу друтото, и на протоколите за хигиена и дезинфекција, овој наш домашен фармако-хемиски гигант не заборави на институцијата која се грижи за нашето национално аудиовизулено наследство. „Алкалоид“ и „Кинотеката“ се стари пријатели. …

Донација од „Алкалоид“ за „Кинотека“ Read More »

ССМ: Работодавачите на почетокот на јули да исплатат регрес за годишен одмор


Сојузот на синдикатите на Македонија бара работодавачите согласно Колективните договори да исплатат регрес за годишен одмор на почетокот на јули кога и најголем дел од работниците го исполнуваат условот за добивање регрес за годишен одмор со работење најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа …

ССМ: Работодавачите на почетокот на јули да исплатат регрес за годишен одмор Read More »

Спасовски: Инспекциите ќе проверат зошто има поскапувања на некои домашни производи


Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека веќе им дал налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички. Според Спасовски, зголемувањето на цените кое го има во некои продавници, не може да биде никако врзано со платежната картичка зашто со неа се зголемува куповната …

Спасовски: Инспекциите ќе проверат зошто има поскапувања на некои домашни производи Read More »

Советот за безбедност на ОН му го продолжи мандатот на Серж Брамерц


Советот за безбедност на Обединетите нации му даде нов мандат на Серж Брамерц како обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови. Одлуката на Советот за безбедноста на ОН стапува на сила на 1 јули, а мандатот ќе трае до 30 јуни 2022 година, пренесува агенцијата Анадолија. Брамерц е обвинител во Механизмот од 1 март …

Советот за безбедност на ОН му го продолжи мандатот на Серж Брамерц Read More »

Филипче: Неопходен е дијалог на сите општествени нивоа и обединување во борбата со корона вирусот


Министерот за здравство Венко Филипче смета дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот. Во таа насока, соопштија од Министерството за здравство, се иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници. – Борбата со вирусот …

Филипче: Неопходен е дијалог на сите општествени нивоа и обединување во борбата со корона вирусот Read More »

Лансирањето на роверот „Упорност“ на Марс е одложено за 22 јули


Испраќањето на роверот „Упорност“ (Perseverance) на Марс е одложено за 22 јули годинава, како резултат на проблеми со опремата за поддршка од Земјата, соопшти НАСА. Проблемот е откриен при поставувањето на вселенското возило во заштитната обвивка што ќе оди на врвот на ракетата Атлас 5. „Речиси сме подготвени. Но, потребно ни е дополнително време за …

Лансирањето на роверот „Упорност“ на Марс е одложено за 22 јули Read More »

Туристичките водичи бараат поддршка од државата и протоколи за работа 


Неодложно изнаоѓање начин за финансиска поддршка посебно на оние што не остваруваат дополнителна дејност, зацврстување на институционалниот дијалог и изготвување протоколи за работа, бара Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници (МАТВП) при Сојузот на стопански комори. Потпретседателот на МАТВП, Елвир Садиковиќ денеска на прес-конференција рече дека веќе четврти месец секторот трпи големи финансиски загуби поради …

Туристичките водичи бараат поддршка од државата и протоколи за работа  Read More »

Претставничкиот дом на Конгресот го одобри прелог законот на демократите за реформа на полицијата


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го одобри предлог законот на демократите за полицискат реформа, испраќајќи ја одлуката до Сенатот и покрај противењето на претседателот Доналд Трамп и неговите републикански сојузници. Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, гласаше со 236 „за“ наспроти 181 „против“, главно според партиските насоки, во прилог на донесување на …

Претставничкиот дом на Конгресот го одобри прелог законот на демократите за реформа на полицијата Read More »

Лифтовите потенцијални жаришта на Ковид-19 – да се вградат УВ системи


Медицинските експерти постојано советуваат дека затворените простории треба секојдневно да се проветруваат, но останува отворено прашањето како тоа да го сториме во лифтовите. И покрај тоа што во нив е вградена соодветна вентилација, со самиот факт дека илјадници луѓе мора да користат лифт за да стигнат од и до домот или работното место, постои голема …

Лифтовите потенцијални жаришта на Ковид-19 – да се вградат УВ системи Read More »

Бела чума – лани починале 600 лица повеќе отколку што се родиле


Според податоците на Државниот завод за статистика во земјава лани се регистрирани 19.845 живородени и 20.446 умрени лица, со што природниот прираст е негативен и изнесува – 601. Бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 11.772 деца или 59,3 отсто од вкупниот број живородените деца наспроти 8.073 живородени деца или 40,7 проценти во селските подрачја. …

Бела чума – лани починале 600 лица повеќе отколку што се родиле Read More »

Заборавија дека се бројат жртви – илјадници Англичани на плажа, интервенираше полицијата


  Десетици илјади Британци се собраа на плажите на Борнмаут и дел од брегот Дорсет, не почитувајќи фи насоките од властите за држење дистанца поради пандемијата од корона вирус. Британците очигледно заборавија дека се уште се бројат жртви во болниците и поради врелиот ден заминаа на плажа да уживаат и да се разладат. Локалните власти …

Заборавија дека се бројат жртви – илјадници Англичани на плажа, интервенираше полицијата Read More »

Повторно претставник на нашата земја е европски вицешампион на Европскиот квиз на парите


Христијан Андовски од Велес го освои второто место на годинешното издание на најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација   На најголемото европско натпреварување во сферата на финансиската едукација, вторпат по ред се случи голем успех за нашата земја. Европската банкарска федерација (ЕБФ) ги објави победниците на годинешното издание на европското финале на Европскиот …

Повторно претставник на нашата земја е европски вицешампион на Европскиот квиз на парите Read More »

Италија забрани кабински куфери во авионите


Од денеска во Италија е забрането внесувањето кабински куфери во авионите, што претставува една од заштитните мерки за време на пандемијата на коронавирусот,  соопшти  италијанската Управа за цивилно воздухопловство – ЕНАК. Почнувајќи од денеска на појдовните и дојдовните летови на домашните и меѓународните авиокомпании во Италија нема да им бидат дозволени кабински куфери, туку само …

Италија забрани кабински куфери во авионите Read More »

Србија: Ситуацијата се влошува, да се затворат ноќните клубови


Епидемиологот Предраг Кон вели дека ситуацијата со корона вирусот во Србија се влошува, а дека во Белград е веќе заканувачка. „Се тестираат се повеќе луѓе. Има заболени во студенските домови, а последниот податок е дека 91 се позитивни, веројатно и тоа се менува“, вели Кон, кој е член на Кризниот штаб. Наведе дека во моментот …

Србија: Ситуацијата се влошува, да се затворат ноќните клубови Read More »

Боки 13 се обложи на Христијан Мицкоски


ЕРОЛ РИЗАОВ ВМРО-ДПМНЕ експресно застана во одбрана на Боки 13 со силни симпатии на вмровските медиуми кон довчерашниот „сдсмовски рекетар“. Што ти е битка за власт. Денес си криминалец и рекетар, а утре херој и невина жртва   Бојан Јовановски, алијас Боки 13, најпознатиот осуденик во земјава, прв ја отвори предизборната обложувалница. Своите девет години …

Боки 13 се обложи на Христијан Мицкоски Read More »

Во април 68,1 отсто од потрошената струја од домашни извори


Во април годинава во земјава вкупно биле потрошени 587.015 мегават часови електрична енергија, 12,512 милијарди нормални кубни метри природен гас, 398.917 тони јаглен и 76.898 тони нафтени продукти. Од потрошената електрична енергија 68,1 отсто е од домашно производство, додека 96,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот


Aвстрија – Кризата поради коронавирусот сериозно ги погоди најбогатите луѓе во Австрија. Во оваа земја има 41 милијардер, а последиците од кризата врз цената на акциите и дивидендите, се бројат во милијарди евра. На годишно ниво, нивните средства паднаа за девет отсто, или вкупно 15 милијарди – на 155 милијарди евра. Годинешниот список на 100 најбогати Австријци …

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот Read More »

Агенцијата за лекови на ЕУ го препорача „ремдесивир“ за корона вирусот


Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот „ремдесивир“ за пациенти со корона вирус. „Ремдесивир е првиот лек против Ковид-19 што се препорачува за употреба во ЕУ“, соопшти Агенцијата. Препораката која треба да биде разгледана од Европската комисија, се однесува на третман на заразени со корона вирус, односно возрасни и млади од 12 години кои …

Агенцијата за лекови на ЕУ го препорача „ремдесивир“ за корона вирусот Read More »

Регистрирани 672 прекршоци за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци. Министерството за внатрешни работи и денеска апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19. 

ДСЗИ го запре извршувањето на решенијата за самоизолација и карантин


 Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера донесе одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 до 25 јуни 2020 за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РСМ со негативен PCR тест на Covid-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени …

ДСЗИ го запре извршувањето на решенијата за самоизолација и карантин Read More »