Израел ќе ги следи граѓаните преку мобилните за да се бори со корона вирусот


Израелскиот парламентарен одбор и одобри на разузнавачката служба да собира лични податоци од граѓаните. Оваа контроверзна мерка израелските власти ја воведуваат во рамките на обидите да го запрат ширењето на заразата со коронавирусот. Израелската Влада на почетокот на март одобри безбедносната служба „Шин бет“ да собира лични поатоци од граѓаните преку нивните мобилни телефони за …

Израел ќе ги следи граѓаните преку мобилните за да се бори со корона вирусот Read More »

И Стопанска банка нуди одлагање на ратите за кредитите


Шест месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29 февруари годинава по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30 септември годинава  е понудата од Стопанска банка АД Скопје за физичките лица. За корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката соопшти дека воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност …

И Стопанска банка нуди одлагање на ратите за кредитите Read More »

Ковид-19 успеа онаму каде што Маркс и Ленин не успеaја


Опасниот вирус ја внесе улогата на државата на голема врата.  И Доналд Трамп, најголемиот противник на државното мешање во пазарното стопанство ја повика државата на помош   НАНО РУЖИН Една од основните разлики помеѓу идеологиите на левицата и десницата, иако ова не важи кај нас, се однесуваат на прашањето на национализацијата и приватизацијата, односно етатизацијата …

Ковид-19 успеа онаму каде што Маркс и Ленин не успеaја Read More »

Путин ќе му прати медицинска помош на Трамп


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека Русија  ќе испрати авион со медицинска и заштитна опрема во САД. – Се очекува авионот да полета до крајот на денот, изјави синоќа Песков. Тој додаде дека помошта е договорена во понеделникот за време на телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. …

Путин ќе му прати медицинска помош на Трамп Read More »

Јапонија на чекор во доведување вонредна состојба


Бројот на новозаразени од коорна вирусот во Јапонија забразнао се зголемува и земјата се наоѓа на прагот од прогласување вонредна состојба, изјави шефот на кабинет на премиерот Јошиде Суга. Иако во Јапонија има околу 2.200 заболени, а умреа 66 лица, што е многу помалку отколку во другите делови на светот, во зголемување се новите инфекции …

Јапонија на чекор во доведување вонредна состојба Read More »

Во Лондон почина 13-годишно дете заразено со корона вирус


Во Лондон умре 13-годишно дете кое било позитивно на корона вирус, соопшти болницата „Кингс колеџ хоспитал“. Весникот „Дејли мејл“ наведува дека Исмаил Мохамед Абдулвахаб од Лондон починал вчера во оваа болница и дека засега не е познато дали имал и други здравствени проблеми. „За жал умре 13-годишно дете кое беше позитивно на Ковид-19 и сега …

Во Лондон почина 13-годишно дете заразено со корона вирус Read More »

Зошто терминот „физичка дистанца“ е подобар од терминот „социјална дистанца“


Светската здравствена организација (СЗО) започна да ја користи фразата „физичко дистанцирање“ наместо „социјално дистанцирање“ како начин да се спречи ширењето на новиот корона вирус од човек на човек, што е потег што многу експерти го поздравија како чекор во „вистинска насока“. Претставници на ова глобално здравствено тело изјавија дека иако е апсолутно неопходно да се …

Зошто терминот „физичка дистанца“ е подобар од терминот „социјална дистанца“ Read More »

Снег во април


Времето во земјава ќе биде под влијание на влажен и студен воздушен бран и ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира …

Снег во април Read More »

Сега повеќе од било кога потребна е солидарност-интервју со Коста Петров, писател и пи-ар експерт


  Лејла Сабит Насловот на неговата најпродава книга сега „Никој не рече дека ќе биде лесно“, вели, ни се случува сега, во екот на коронавирусот. Но Коста Петров , кој во изминативе 10 години како основач на компанија што работи во над 40 земји во светот, бил на врвот, го преживеал стравот и пиел кафе …

Сега повеќе од било кога потребна е солидарност-интервју со Коста Петров, писател и пи-ар експерт Read More »

Сообраќајот по влажни коловози, забрана за камиони на преминот Стража


Изутринава во шест часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшто Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, …

Сообраќајот по влажни коловози, забрана за камиони на преминот Стража Read More »

ОН бара ослободување на мигрантите и бегалците од затворите


Организациите на Обединети нации ја повикаа меѓународната заедница за време на пандемијата со новиот коронавирус да ги заштити мигрантите, бегалците и апатридите и под итно да ги ослободи мигрантите и бегалците од затвор. Организациите на ОН, Комесаријатот за човекови права (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Светска здравствена организација (СЗО) во заедничко соопштение ја …

ОН бара ослободување на мигрантите и бегалците од затворите Read More »

Спасовски: Ќе следат и други мерки


Колку побрзо се стави под контрола вирусот, толку подобро ќе биде и за економијата, вели премиерот Спасовски   Врвен приоритет на Владата е здравјето и животот на граѓаните и затоа голем дел од ресурсите ги насочуваме кон заштита на луѓето и намалување на ризикот од ширење на вирусот и на тој начин да бидеме поефикасни …

Спасовски: Ќе следат и други мерки Read More »

Мажите повеќе умираат од корона вирусот – но зошто?


Трендот е потврден речиси во сите држави и нации, но научниците немаат одговор што е причината за тоа   Досега е добро публикувано дека Ковид-19 дискриминира по возраст и според основните здравствени услови. Но, сѐ повеќе станува очигледно дека, исто така, дискриминира по пол, при што мажите поверојатно ќе имаат позитивни тестови и поверојатно ќе …

Мажите повеќе умираат од корона вирусот – но зошто? Read More »

Косовската влада ја укина таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина


Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека од ноќеска на полноќ стапува во сила одлуката на Владата за укинување на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите на пауза од вечерашната седница на неговиот кабинет, Курти …

Косовската влада ја укина таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина Read More »

Стопанска банка – Скопје ја одложува наплатата на кредитите од граѓаните до шест месеци


Промена на договорните услови за користење на кредитни производи е валидна во следните 10 денови и за тоа не е потребно да се оди на шалтер, односно во банка   Стопанска банка – Скопје денес ја објави понудата за одложување на ратите за клиентите во наредните шест месеци со што, како што се вели во …

Стопанска банка – Скопје ја одложува наплатата на кредитите од граѓаните до шест месеци Read More »

Во Шведска расте бројот на починати од ковид 19, но рестрикции нема


Иако цела Европа со недели е во делумен или целосен карантин за да го сузбие ширењето на корона вирусот, Шведска и понатаму е единствена земја во која нема речиси никакви рестрикции. Кафулињата, рестораните и продавниците ширум земјата се отворени, парковите и игралиштата полни, а луѓето опуштено седат на градските тераси и уживаат на сонцето. Шведската …

Во Шведска расте бројот на починати од ковид 19, но рестрикции нема Read More »

Бројот на починати во Холандија забрзано расте


Бројот на загинати од корона вирусот во Холандија се зголеми за 175 и достигна 1.039, според Институтот за јавно здравје во земјата. Институтот предупреди дека вистинската бројка на смртни случаи е поголема, бидејќи само пациентите кои биле тестирани позитивно се сметаат како починати пд Ковид-19. Бројот на нови потврдени случаи е 845, со што вкупниот …

Бројот на починати во Холандија забрзано расте Read More »

Секој четврти лекар во Британија или е заразен или е во самоизолација


Управникот на Кралскиот лекарски колеџ во Велика Британија, Ендру Годар рече дека секој четврти лекар во нивниот здравствен систем или е во самоизолација или е заразан од корона вирус. Годар вели дека единиците на интензивна нега во некои болници го достигнале својот лимит, пренесе Гардијан. Меѓутоа, тој истакнува дека повеќето лекари кои се во самоизолација …

Секој четврти лекар во Британија или е заразен или е во самоизолација Read More »

Османи: Кризни штабови за справување со Ковид-19 и на ниво на месни заедници


Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска се одржа конститутивната седница на Координативно тело за координирањето на штабовите на единците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје), за справување со заканата од Ковид-19, информираат од СЕП. Во улога на главен координатор со телото со него претседаваше заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар …

Османи: Кризни штабови за справување со Ковид-19 и на ниво на месни заедници Read More »

Дарко Панчев: Ние што сме биле во војска знаеме што е карантин


Србија– Дарко Панчев, голгетерот на златната генерација на Црвена звезда од 1991 година во разговор за интернет страницата на трофејниот српски клуб рекол дека пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19 ќе ја победиме дисциплината ќе клуч за победата над вирусот. „Потребно е да ги слушаме надлежните како во Скопје така и во Србија. Стручњаците велат …

Дарко Панчев: Ние што сме биле во војска знаеме што е карантин Read More »