Секој четврти лекар во Британија или е заразен или е во самоизолација


Управникот на Кралскиот лекарски колеџ во Велика Британија, Ендру Годар рече дека секој четврти лекар во нивниот здравствен систем или е во самоизолација или е заразан од корона вирус.

Годар вели дека единиците на интензивна нега во некои болници го достигнале својот лимит, пренесе Гардијан.

Меѓутоа, тој истакнува дека повеќето лекари кои се во самоизолација не се и заразени од корона вирусот.

Британската влада е критикувана дека нема доволно заштитна опрема за здравствените работници кои ги лечат заболените од корона вирус. Им недостасуваат маски, заштита за очите, како и други основни медицински средства.

Мерките се застрени, па сега може да се излезе само еднаш дневно, а на сите им е препорачано да работат од дома.