Во Шведска расте бројот на починати од ковид 19, но рестрикции нема


Иако цела Европа со недели е во делумен или целосен карантин за да го сузбие ширењето на корона вирусот, Шведска и понатаму е единствена земја во која нема речиси никакви рестрикции.

Кафулињата, рестораните и продавниците ширум земјата се отворени, парковите и игралиштата полни, а луѓето опуштено седат на градските тераси и уживаат на сонцето. Шведската влада не сакаше да ја блокира целата земја, а нема тоа да го направи ни по најновите податоци кои велат дека во земјавата забрзано умираат од корона вирус.

Во земјата во моентот има 4.435 заразени со корона вирус, а умреа 180 луѓе.

Кривата на бројот заразени во Шведска за сега не се разликува од во Велика Британија, која пак е во потполна блокада.

Шведската влада за сега само ги советува своите граѓани да избегнуваат големи собири, да ги мијат рацете и да не доаѓаат во контакт со постари луше.

Факултетите и средните училишта се затворени, но основните и градинките редовно работат..

Иако некои стручњаци сметаат дека ваквата стратегија може да доведе до катастрофа, цивилната заштита смета дека нема докази дека строги мерки на карантин би го спречиле вирусот.

Сепак, порастот на починати ја натера влдата да размисли за пошироко тестирање, пред се на сите медицински работници и луѓето кои работат во гранките клучни за функционирање на стопанството.