Одложени претседателските избори во Полска


Лидерот на владејачката полска партија синоќа објави дека е постигнат договор за одложување на претседателските избори и дека допрва треба да се избере нов датум за нивно одржување. Јарослав Качињски, лидер на партијата Право и правда и претседателот на мала партија во владејачката конзервативна коалиција Јарослав Говин ја нарекоа нивната одлука „решение што ќе им …

Одложени претседателските избори во Полска Read More »

Денес до полноќ може да се поднесат барања за поддршка за исплата на плати за април


На полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април годинава во износ до 14.500 денари месечно по вработен. Аплицирањето за оваа владина мерка за поддршка на најпогодените компании од кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 почна …

Денес до полноќ може да се поднесат барања за поддршка за исплата на плати за април Read More »

Италија: Рекордни 8.000 оздравени од Ковид-19 за 24 часа


Во Италија, 8.014 пациенти се опоравиле во изминатите 24 часа, што е рекорден број за еден ден, соопшти Цивилната заштита. Вкупниот број на оние кои закрепнале е 93.245. Во меѓувреме, стапката на заболени повторно се зголеми, со регистрирани 1.444 нови случаи вчера во однос на претходните 1.075. Вкупно, речиси 215.000 луѓе се заразени со Ковид-19. …

Италија: Рекордни 8.000 оздравени од Ковид-19 за 24 часа Read More »

Народната банка може да ја продолжи одложената отплата на кредитите, ако има втор бран на кризата


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежовска во вечерашното гостување на телевизија Телма изјави дека како централна банка се подготвени доколку има втор бран на кризата, од септември да ја продолжат мерката за одложување на отплатата на кредитите. – Засега е даден период овие поволности да важат до крајот на септември, но подготвени сме …

Народната банка може да ја продолжи одложената отплата на кредитите, ако има втор бран на кризата Read More »

Укината вонредната состојба во Србија


Пратениците на српскиот Парламент вечерва го усвоија предлогот за укинување на вонредната состојба, како и предлог-законот за важење на уредбите донесени за време на вонредната состојба. За одлуката гласаа 155 пратеници, никој не беше против, а еден пратеник беше воздржан. Најголемиот дел од опозицијата ја бојкотираше седницата на собранието, а утринава имаше и инцидент предизвикан …

Укината вонредната состојба во Србија Read More »

Фон дер Лајен: Нема сомнеж дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ


Самитот ЕУ – Западен Балкан кој се одржа виртуелно наместо во Загреб поради пандемијата на Ковид-19 донесе пред сѐ економски и финансиски заложби. Иако санитарната криза го забавува процесот, лидерите на ЕУ институциите инсистираат дека регионот останува врвен приоритет за нив, јави дописничката на МИА од Брисел. -Одржувањето на овој самит сведочи за тоа дека …

Фон дер Лајен: Нема сомнеж дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ Read More »

Суд во Нигерија преку апликацијата Зум осуди човек на смртна казна


Суд во Нигерија осуди човек на смрт со бесење, во рочиште одржано преку апликацијата Зум. Организацијата за човекови права Хјуманс рајтс воч денеска оцени дека станува збор за свиреп и нехуман начин на пресудување по овој предмет. Судијка од Лагос го осуди Олелекан Хамид на смрт со бесење поради убиство на една жена. Сослушувањето треше …

Суд во Нигерија преку апликацијата Зум осуди човек на смртна казна Read More »

Пролетни прогнози: ЕУ предвидува пад на македонскиот БДП од 3,9 отсто


За годинава речиси сите економски показатели се со негативен предзнак – приватната потрошувачка се предвидува да се намали за 2,5 отсто, извозот на стоки и услуги ќе се намали за 11 отсто, увозот за 9,2 отсто, вработеноста за 1,7 отсто…   Пад од 3,9 отсто на македонскиот домашен бруто-производ во оваа година и враќање на …

Пролетни прогнози: ЕУ предвидува пад на македонскиот БДП од 3,9 отсто Read More »

Празни столчиња на Синтагма – мирен протест на грчките угостители


Со 200 празни столчиња на плоштадот Синтагма, Грчката федерација на угостителски и сродни професии, вечерва одржа симболичен протест во рамките на европскита иницијатива симболични „Empty chairs“, јави дописничката на МИА од Атина. Од федерацијата на овој начин побараа ефективни решенија за да преживее конкретниот сектор. Секое од празните столчиња имаше и порака со барањата на …

Празни столчиња на Синтагма – мирен протест на грчките угостители Read More »

Ангеловска-Бежоска: Депозитите на граѓаните се безбедни, нема потреба од никаков страв


Депозитите на граѓаните се безбедни. Нема потреба од никаков страв кај граѓаните. Депозитната база е стабилна, порача вечерва гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма. Ангеловска – Бежоска истакна дека како и во секоја кризна состојба имало одреден притисок врз депозитната база и сигнали на одредено повлекување на …

Ангеловска-Бежоска: Депозитите на граѓаните се безбедни, нема потреба од никаков страв Read More »

Белата куќа подготвува меѓународен договор за експлоатирање на Месечината


Американската администрација подготвува проект на меѓународен договор што правно ќе го уреди експлоатирањето на природните ресурси на Месечината, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на лица запознати со проектот. Таканречениот договор „Артемида” има за цел да се привлечат сојузници за планот на американската вселенска агенција НАСА за испраќање луѓе и изградба на станици на природниот сателит …

Белата куќа подготвува меѓународен договор за експлоатирање на Месечината Read More »

Хидросистемот „Стрежево“ инвестира 20 милиони денари во цевководната мрежа


ЈП „Стрежево” – Битола инвестира 20.000.000 денари во делот на водостопанската инфраструктура, со цел да се реализираат сите предвидени проекти на кои што работи за овозможување зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство. -Во тек е реализација на проект …

Хидросистемот „Стрежево“ инвестира 20 милиони денари во цевководната мрежа Read More »

Што стои во Загрепската декларација за споровите на Македонија?


Лидерите на земјите членки на ЕУ, првите луѓе на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, како и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан донесоа и прифатија заедничка декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан, во која ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива …

Што стои во Загрепската декларација за споровите на Македонија? Read More »

Како Шпанија беше измамена со кинески тестови


Шпанија нарачала антигенски кинески тестови за корона – биле неисправни. Потоа, Кинезите испратиле нови – тие исто така биле дефектни   Истражувачката сторија што денеска ја објави ИРЛ, во која се вклучени поширок број репортери од Македонија и Европа, на извонреден начин покажува како во трескавичната битка против корона вирусот многу компании во светот, најмногу …

Како Шпанија беше измамена со кинески тестови Read More »

Во Италија денеска полошо од вчера


Во Италија денеска порасна бројот на заразени и починати, односно има 1.444 заразени за разлика од вчерашните 1.075 и 369 починати, во однос на вчерашните 236. Како што соопшти Агенцијата за цивилна заштита, а пренесе Ројтерс, од појавата на епидемијата во Италија починаа 29.684 луѓе, што ја става Италија на трето место зад САД и …

Во Италија денеска полошо од вчера Read More »

СЗО советува постепено и внимателно олеснување на рестриктивните мерки во однос на Ковид-19


Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди на опасноста од враќање на рестриктивните мерки заради Ковид-19, доколку државите не управуваат со транзицискиот период со крајно внимателно и постепено. Тедрос наведе низа чекори потребни пред некоја земја да ги укине мерките воведени за контрола на ширењето на Ковид-19, како што се …

СЗО советува постепено и внимателно олеснување на рестриктивните мерки во однос на Ковид-19 Read More »

Готвам и медитирам: Натали Грубовиќ откри што прави во карантин во Нови Сад


Лејла Сабит Натали Грубовиќ-Глушац, една од најславните наши манекенки и водителки, се повлече од македонската естрада, се омажи, доби ќерка, која исто така, се вика Натали, и пред шест години, со семејството се пресели во Нови Сад, Србија. Во разговорот за „Независен“ открива дека во карантин не и е здодевно ниту една секунда, работи на …

Готвам и медитирам: Натали Грубовиќ откри што прави во карантин во Нови Сад Read More »

Вашингтон подготвен да ја признае израелската анексија на делови од Западниот брег


Американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман  денеска изјави дека Вашингтон е „подготвен да го признае суверенитетот на Израел врз деловите од Западниот брег“. Фридман кажа дека останува на Израел да одлучи дали сака да го спроведе планот за анексија на еврејските населби и дека, доколку го стори тоа, Вашингтон ќе го признае. „Ние не прогласуваме …

Вашингтон подготвен да ја признае израелската анексија на делови од Западниот брег Read More »

Орбан објави карта на „голема Унгарија“


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска преку својот Фејсбук профил уапти честитка до матурантите кои денеска полагаат историја, проследено со картата на „голема Унгарија“. На таа карта, во границите на Унгарија е територија која зафаќа голем дел од Хрватска, сè до Риека и Далмација. Орбан и во декември објави фотографија на „голема Унгарија“, кога претседателството на …

Орбан објави карта на „голема Унгарија“ Read More »

Бил де Бласио: Трамп му го заврте грбот на Њујорк


Обвинувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп дека поради политичките разлики му го завртел грбот на Њујорк, градоначалникот на „Големото јаболко“ Бил де Бласио изјави дека економијата на неговиот град за време на пандемијата на Ковид-19 веќе загубила 7,4 милијарди долари и нема гаранции во однос на финансиска помош од федералните власти. Де Бласио повика на …

Бил де Бласио: Трамп му го заврте грбот на Њујорк Read More »