Лукашенко најави референдум за уставните измени


Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека земјата ќе одржи референдум за уставните измени, објави државната новинска агенција Белта. Лукашенко, кој се соочи со протести по спорната победа на изборите на 9 август, за кои неговите противници тврдат дека биле наместени, не кажа кога ќе се одржи таков референдум. 

Ангеловска-Бежоска: Се надевам ќе успееме да ја добиеме битката со пандемијата, ако е подолга сите мудро и доблесно да ги носиме нашите одлуки


Зад нас оставаме година во која секојдневно се справувавме со предизвици и на личен и на професионален план. Се соочивме со одамна невидена криза, во која сите ние првенствено моравме да се грижиме за зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено да носиме брзи одлуки за поддршка на благосостојбата во овие тешки околности. Ова го …

Ангеловска-Бежоска: Се надевам ќе успееме да ја добиеме битката со пандемијата, ако е подолга сите мудро и доблесно да ги носиме нашите одлуки Read More »

Колапс на туризмот и угостителството во 2020-та, компаниите бараат специјални мерки за спас и задржување на вработените


Изминатава 2020 година ќе заврши со преку 70 проценти пад на прометот во туризмот и угостителството. Компаниите бараат посебни мерки за поддршка од државата за да опстанат и да ги задржат вработените. Затворањето на границите на земјите во светот изминатите месеци целосно ги стопира туристичките патувања, деловни туристи речиси немаше, немаше ниту конференции, семинари и …

Колапс на туризмот и угостителството во 2020-та, компаниите бараат специјални мерки за спас и задржување на вработените Read More »

Џафери: Да ја надминеме пандемијата и да тргнеме кон ЕУ во 2021


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати видео честитка до граѓаните на земјава за новата 2021 година, посакувајќи им сѐ најдобро на индивидуален и фамилијарен план. Џафери посака во новата година надминување на пандемиската состојба и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија.

Заев: Во 2021 носиме европски стандарди дома, сите во акција!


Ја испраќаме годината запаметена по светска пандемија која целосно ни го измени начинот на живеење, а со тоа и светогледот. Ќе ја паметиме како година на најголемата светска криза во новиот век. Старата поговорка вели „на мака се познаваат јунаците“ – така и оваа мака ни покажа многу јунаци на првата борбена линија, ама ни …

Заев: Во 2021 носиме европски стандарди дома, сите во акција! Read More »

Обезбедени првите подвижни домови за семејствата погодени од земјотресот во Хрватска


Првите 20 мобилни куќи наменети за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина, претежно од Истра, пристигнаа утрово во Глина, донирани од неколку домашни хотели и други компании, а во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни домови за повеќе од 500 луѓе. – Испорачаните подвижни домови ќе бидат подготвени за вселување денеска, …

Обезбедени првите подвижни домови за семејствата погодени од земјотресот во Хрватска Read More »

Филипче: Празниците во кругот на најблиските и со почитување на мерките, да им олесниме на медицинските лица


Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит. Десет месеци борба за спас на сечиј човечки живот. Десет месеци без одмор, во континуиран стрес грижејќи се за нашите и ваши семејства, пријатели, колеги. Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале, на колку …

Филипче: Празниците во кругот на најблиските и со почитување на мерките, да им олесниме на медицинските лица Read More »

Во Македонија има 1.793 филијали на странски фирми кои реализирале 38,6 отсто од вкупниот промет


Од вкупниот број активни претпријатија од нефинансискиот сектор во земјава, 3,1 процент или 1.793 биле странски филијали, односно домашни компании контролирани од странство. Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика за 2018 година, во овие филијали биле вработени 18,9 проценти од вкупниот број на вработени. Овие фирми реализирале 38,6 проценти од вкупниот промет …

Во Македонија има 1.793 филијали на странски фирми кои реализирале 38,6 отсто од вкупниот промет Read More »

Колку пари добија, а колку им се потребни да опстанат – туристичко-угостителскиот сектор очекува поддршка и во 2021


Туризмот и угостителството имаат значителен придонес во домашната економија, но покрај позитивните социјaлно-економски влијанија кои ги имаат овие дејности, тие сепак се најчувствителни на надворешни влијанија како што е актуелниот случај предизвикан од глобалната пандемија. Ширењето на вирусот го ограничи движењето на луѓето, доведе до промени во секојдневните навики на живеење на луѓето за патување …

Колку пари добија, а колку им се потребни да опстанат – туристичко-угостителскиот сектор очекува поддршка и во 2021 Read More »

Најмногу работни места се губеле во преработувачката индустрија


Бројот на работници во индустријата во ноември е намален за 4,2 проценти во споредба на истиот месец лани, а за 4,7 проценти во периодот јануари-ноември во однос на истиот период лани. Најголем пад има во секторот Преработувачка индустрија за 4,5 проценти по што следува Рударство и вадење на камен со 1,8 проценти и Снабдување со …

Најмногу работни места се губеле во преработувачката индустрија Read More »

Гнев во Грција: владините функционери примија вакцини пред лекарите


Јавноста и опозицијата критикуваат зошто над 100 министри, генерални секретари и други функционери биле вакцинирани во првиот бран   АТИНА – Грчката влада се соочува со реакција од лекарите и опозициските партии откако десетици високи владини претставници примија вакцина против корона вирусот пред повеќето здравствени работници. Во владиниот план за вакцинирање објавен минатата недела се …

Гнев во Грција: владините функционери примија вакцини пред лекарите Read More »

Ахмети: Да продолжиме обединети околу заедничките цели


Претседателот на ДУИ Али Ахмети во честитката што ја упати до граѓаните по повод новогодишните празници посочува дека годинава што измина ни докажа дека сите дишеме ист воздух и дека не грее исто сонце и оти само обединети може да триумфираме. – Годината што ја оставаме зад нас беше тешка и многумина од нас изгубија …

Ахмети: Да продолжиме обединети околу заедничките цели Read More »

Арчи, синот на принц Хари, веќе зборува, но со американски нагласок


САД– Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл во премиерата од својата интернет-емисија на „Спотифај“, го натераа својот син да каже „Среќна Нова година“. И малечкото тоа го кажа со прилично американски нагласок. Во емисијата учествуваат луѓе од светот на уметноста, политиката, па и спортот. Меѓу нив се Стејси Ејбрамс, готвачот Хозе Андрез, глумците …

Арчи, синот на принц Хари, веќе зборува, но со американски нагласок Read More »

Доктор го вакцинирал своето семејство преку ред


  Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека еден лекар го искористил своето влијание и го вакцинирал своето семејство преку ред против корона вирусот. Според Обрадор тоа е неморално и случајот се истражува. Не кажа кои мерки ќе ги преземат против луѓето кои се вмешани и кои се уште не се идентификувани. Стручњаците …

Доктор го вакцинирал своето семејство преку ред Read More »

Софија бара заштита од „улична правда“ за Бугарите во Македонија


Министерството за надворешни работи на Бугарија, на Фејсбук, соопшти дека Софија внимателно го следи постојаното објавување на социјалните мрежи на списоци со бугарски граѓани во Северна Македонија. Бугарија е загрижена поради повиците за спроведување „улична правда“ кон нив. „Очекуваме властите во Скопје да преземат чекори да стават крај на говорот на омраза и да ги …

Софија бара заштита од „улична правда“ за Бугарите во Македонија Read More »

Нов земјотрес од 3,9 степени во Хрватска


  Денеска во 9.15 часот, Хрватска ја потресе уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, со епицентар 10 км западно од Петриња. Сеизмографите забележаа интензитет во епицентарот од V степени според ЕМС скалата. Дојава за штети засега нема. Потресот се почувствувал во пошироката околина, наведуваат од Сеизмолошката служба на Хрватска. Тлото на …

Нов земјотрес од 3,9 степени во Хрватска Read More »

На Маврово може ќе нема снег за дочекот на Новата година, но гости секако ќе има.


На Маврово може ќе нема снег за дочекот на Новата година, но гости секако ќе има. Може и повеќе од очекуваното. Заради ограничувањата кои ги наметна пандемијата многумина за празнична дестинација го избраа најголемиот зимски туристички центар. Поголемите хотели и сместувачки капацитети се речиси пополнети. Место повеќе деновиве се бараше и за приватното сместување. Угостителите …

На Маврово може ќе нема снег за дочекот на Новата година, но гости секако ќе има. Read More »

Меркел: Ова беше мојата најтешка година


Ангела Меркел во своето последно новогодишно обраќање до нацијата како германска канцеларка рече дека 2020 година е убедливо најтешката во нејзините 15 години на власт, но почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 даде надеж за 2021 година. Во ретко покажување на емоции, Меркел, која управуваше со Германија и Европската унија преку финансиската криза во 2008 година, …

Меркел: Ова беше мојата најтешка година Read More »

Во Париз 100.000 полицајци ќе ги растураат новогодишните забави


    Франција ќе мобилизира 100.000 полицајци и жандарми за да ги растераат забавите за време на новогодишната ноќ и да спроведе полициски час воведен во борбата против вирусот корона. Планот е да се спречат немирите за време на кои беа запалени бројни автомобили претходните години. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди видливо присуство …

Во Париз 100.000 полицајци ќе ги растураат новогодишните забави Read More »

Хоти: Косово потпишува нов договор со САД


Косовскиот премиер во техничкиот мандат Авдулах Хоти најави дека Владата во Приштина денеска ќе потпише нов договор со администрацијата на САД, кој, како што нагласи, предвидува во следните години да бидат вложени стотици милиони долари во инвестиции на Косово, објави Танјуг. Хоти додаде дека новиот договор произлегува од Вашингтонскиот договор, истакнувајќи дека со тоа американскиот …

Хоти: Косово потпишува нов договор со САД Read More »