Меркел: Ова беше мојата најтешка година


Можам да замислам колку огорчено се чувствуваат оние кои ги оплакуваат своите најблиски кои ги загубија од короната, рече Меркел

Ангела Меркел во своето последно новогодишно обраќање до нацијата како германска канцеларка рече дека 2020 година е убедливо најтешката во нејзините 15 години на власт, но почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 даде надеж за 2021 година.

Во ретко покажување на емоции, Меркел, која управуваше со Германија и Европската унија преку финансиската криза во 2008 година, грчкиот долг една година подоцна и мигрантската криза пет години подоцна, го осуди протестот против затворањето и рече дека ќе биде вакцинирана веднаш штом вакцината биде во широка употреба.

„Да ви кажам нешто лично на крајот: ќе има парламентарни избори за девет месеци и нема да се кандидирам повторно“, рече 66-годишната Меркел. Денес е последен пат кога ви се обраќам спроти Нова година“.

Таа додаде: „Не мислам дека претерувам кога велам: никогаш не ни било толку тешко во последните 15 години и никогаш, и покрај сите грижи и одреден скептицизам, не ѝ се веселиме на новата со толку многу надеж“.

Пофалбите на Меркел, школована физичарка кој се водеше од научни совети во управувањето со пандемијата за сузбивање на првиот бран, се претвори во критика за она што беше сфатено како неможност за сузбивање на вториот бран.

Изборите во најголемата европска економија ќе се одржат во септември, а Меркел, чии конзервативци се очекува да освојат најмногу места во парламентот, најверојатно ќе му ја предаде диригентската палка на еден од тројцата кои се борат да го заземат врвот во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

„Можам само да замислам колку огорчено се чувствуваат оние што жалат за своите најблиски кои ги изгубија поради кораната или кои треба да се борат со ефектите на болеста, додека во исто време некои безнадежни поединци го оспоруваат и негираат вирусот“, рече Меркел.

„Теориите на заговор не се само лажни и опасни, туку се и цинични и сурови“, додаде таа. „Исто така, ќе се вакцинирам кога ќе дојде моето време.

Четвртиот и последен мандат на Ангела Меркел беше обележан со незадоволство во Конзервативната партија по загубата на регионалните избори, што многумина ги поврзаа со нејзината одлука да прими повеќе од милион баратели на азил во 2015 година.

Падот на регионалните анкети во 2018 година, во кои конзервативците изгубија гласачи кои застанаа на страната на ултрадесничарската Алтернатива за Германија и Зелените, ја поттикнаа да не се кандидира за петти мандат.

Доколку формирањето на коалицијата се одложи по декември, Меркел ќе остане вршител на должноста канцелар до 2022 година сè додека новата влада не стапи на должност. (Хина)