Во Македонија има 1.793 филијали на странски фирми кои реализирале 38,6 отсто од вкупниот промет


Од вкупниот број активни претпријатија од нефинансискиот сектор во земјава, 3,1 процент или 1.793 биле странски филијали, односно домашни компании контролирани од странство.

Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика за 2018 година, во овие филијали биле вработени 18,9 проценти од вкупниот број на вработени. Овие фирми реализирале 38,6 проценти од вкупниот промет што укажува на нивното значително вијание врз домашната економија.

Најбројни се оние од трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила, а најголем дел од вработените, над 80 проценти, биле ангажирани во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало и во секторот информации и комуникации.

Најголем удел во вкупниот промет имале компаниите од секторот индустрија, информации и комуникациии и трговијата на големо и мало и поправка на возила.

Земјите – членки на ЕУ контролирале 59,2 проценти од странските филијали во кои биле ангажирани 71, 2 проценти од вработените. Овие компании учествувале со 72,3 проценти од додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се од Австрија (14,9 отсто), Холандија (12 отсто), Обединетото Кралство (11,8 отсто), Германија (8,3 отсто) и Унгарија (6,3 отсто).