Софија бара заштита од „улична правда“ за Бугарите во Македонија


Министерството за надворешни работи на Бугарија, на Фејсбук, соопшти дека Софија внимателно го следи постојаното објавување на социјалните мрежи на списоци со бугарски граѓани во Северна Македонија.

Бугарија е загрижена поради повиците за спроведување „улична правда“ кон нив.

„Очекуваме властите во Скопје да преземат чекори да стават крај на говорот на омраза и да ги заштитат своите граѓани со бугарска самоидентификација“, порачува бугарското Министерство за надворешни работи, пренесуваат повеќе медиуми во оваа земја.

Бугарските власти не даваат детали кој, каде и кога објавувал имиња на луѓе со „бугарска самоидентификација“.