Доктор го вакцинирал своето семејство преку ред


 

Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека еден лекар го искористил своето влијание и го вакцинирал своето семејство преку ред против корона вирусот.

Според Обрадор тоа е неморално и случајот се истражува.

Не кажа кои мерки ќе ги преземат против луѓето кои се вмешани и кои се уште не се идентификувани.

Стручњаците се загрижени дека поради вакви случаи, поради корупција и фалсификат може да пропадне вакцинациската програма во Мексико.

Досега во мексико стигнаа 50.000 вакцини од „Фајзер“, што ни од далеку не е доволно за ,4 милиони здравствени работници, иако се очекуваат уште стотици илјади во следните недели.

„Семејството на лекарот не било на списокот за вакцинација, но дошле на пункт и се вакцинирале“, вели Обрадор, додавајќи дека се работи за лекарот, неговата сопгура и една или две ќерки.