Во Париз 100.000 полицајци ќе ги растураат новогодишните забави


Инциденцата на нови инфекции во Париз стигна до 500 на 100 илјади жители
 

Франција ќе мобилизира 100.000 полицајци и жандарми за да ги растераат забавите за време на новогодишната ноќ и да спроведе полициски час воведен во борбата против вирусот корона.

Планот е да се спречат немирите за време на кои беа запалени бројни автомобили претходните години.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди видливо присуство на полицијата во центарот и предградијата од 20 часот кога започнува полицискиот час.

Во текот на вечерта, половина од линиите на метрото ќе бидат затворени, пренесува Би-Би-Си.