Поради војни и идеологија во некои земји доставата на вакцината може да биде смртоносна


  Во многу земји каде се војува доставата на вакцината против Ковид-19 може да биде смртоносна, а лошата инфраструктура во сироманите земји, покрај другите проблеми, ја отежнува имунизацијата. Арифулах Кан ја даде втората вакцина против детска парализа кога пукотниците одекнаа во блиските ридови во пакистанскиот регион Бајаура. „Тоа се случи одненадеж. Се пукаше толку што […]

Во Норвешка две лица заразени со новиот вид на коронавирусот


 Норвешкиот институт за јавно здравје денеска потврди дека две лица во Норвешка го имаат новиот вид на коронавирусот, откриена во Велика Британија. Тие неодамна пристигнале од Велика Британија, јави „Гардијан“. Норвешка така стана една од земјите што пријави заразени со новиот коронавирус, вклучувајќи ја и Канада и голем број европски земји.

Американскиот амбасадор ја одби руската вакцина


  Американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан, се заблагодари на руското Министерство за надворешни работи на препораката да се вакцинира со вакцината „Спутник V“. Но рекол дека тоа нема да го направи, напиша на Твитер аташето за медиуми на Американската амбасада во Русија, Ребека Рос. „Амбасадорот Саливан се заблагодарува на Министерството за надоврешни работи на […]

Гвардиола најдобар тренер на 21. век, Флик во 2020 година


Англија– Објавени се добитниците на наградите во категориите „Најдобар тренер на годината“ и „Најдобар тренер на векот“ во изборот на „Globe Soccer Awards“. Ханс-Дитер Флик, шеф стручниот штаб на Баерн Минхен, е прогласен за тренер на 2020 година. Тој ги победи Јирген Клоп од Ливерпул и Џанпјеро Гасперини од Аталанта. Пеп Гвардиола, кој е предводник на […]

Роналдо најдобар фудбалер на векот, Левандовски на 2020 година


ОАЕ – Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Најдобар играч на векот“ во изборот организиран од „Globe Soccer Awards“. Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски е играч на годината. Триесет и петгодишниот Роналдо ја доби наградата „Играч на XXI век“ (2001-2020) во конкуренција на Лионел Меси (Барселона) Мохамед Салах (Ливерпул) и Роналдињо (поранешен фудбалер на Барселона). […]

Маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река во демиркаписко Дрен


Маж исчезнал додека со џип се обидувал да помине надојдена река во демиркаписко Дрен, а по него се трага, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   Тој не можеше засега да даде повеќе детали, само кусо посочи дека полиција и јавен обвинител биле на лице место. 

Поранешниот албански претседател, Нишани го нарече Рама адвокат на туѓи интереси


Во Албанија продолжуваат реакциите во врска со прашањето за проширување за 12 милји во Јонското Море, откако Грција пред два дена го одобри претседателскиот указ. По низата реакции попладнево тоа го стори и поранешниот албански претседател Бујар Нишани, велејќи дека „предавството има име“, асоцирајќи при тоа на премиерот Еди Рама. Нишани обвини дека Рама станал […]

Фаучи: Да се прашувам јас – би го вакцинирал Трамп


Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи ја повтори својата препорака американскиот претседател Доналд Трамп да прими вакцина против коронавирусот. – Одлуката за тоа дали ќе се вакцинира зависи од него и од докторот во Белата куќа. Моја препорака – тоа го реков и претходно – јас би го вакцинирал, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен. – Тој сè уште е претседател на САД. Важна […]

Ричи Самбора прозборе зошто го напушти „Бон Џови“: Ѝ требав на ќерка ми


САД- Отворајќи се за неговата контроверзна одлука да го напушти легендарниот рок-бенд, Бон Џови, во 2013 година -легендарниот гитарист рече дека „не жали“ што на крајот го стави својот однос со ќерката Ава, која сега има 23 години, пред сè друго. “Очигледно, тоа не беше популарна одлука, но немав избор . Имав многу  работи да […]

Сообраќајот по влажни коловози, снег на Попова Шапка, магла на патот Велес – Катланово


Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Велес – Катланово. 

Со дефиле и без концерти ќе се одржи Вевчанскиот карневал


Со симболична поворка, без концерти и друга организација ќе се одржи годинашниот Вевчански карневал, најави градоначалникот Сашо Јанкоски. Откажувањето на фестивалскиот дел, според него, е со цел да се спречи масовно собирање на луѓето поради ширење на пандемијата со Ковид 19, нагласувајќи дека Василичарските поворки ги организираат двете друштва, Горно и Долно маало. – Општина […]

Бурата Бела погоди делови на Велика Британија


Бурата „Бела“ со ветрови од 170 километри на час и силен дожд, денеска погоди делови на Велика Британија, предизвикувајќи нарушување на железничкиот сообраќај. На островот Вајт е регистрирани се удари на бурата од 170 километри на час, додека делови од јужниот брег на Англија и Северен Велс биле погодени од удари на бурата од околу 130 километри на час. Поплавите предизвикаа […]

Во Албанија 499 новозаразени и 10 починати од Ковид-19, меѓу кои и невролог


Во последното деноноќие во Албанија забележан е раст на новозаразени со Ковид-19, а починале 10 пациенти од 55 до 80-годишна возраст, меѓу нив и доктор невролог Сали Бачо. -Од направените 2.165 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 499 што е 23 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 384, додека починаа 10 […]

Папата Франциск: 2021 ќе биде година посветена на семејството


Папата Франциск денеска ја одбележа претстојната 2021 година како година посветена на семејството и повика да се обрне внимание на содржината на неговиот, според некои, контроверзен документ од 2016 година, што се однесува на семејниот живот. Меѓу другото, документот им ја отвори вратата на разведени двојки, но и на оние кои се венчале само пред матичар, да се причестат, што предизвика критики […]

Кари на тренинг погоди 105 тројки по ред (видео)


Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 105 тројки во низа за време на вчерашниот тренинг. Кошаркарот ниту еднаш не промаши шут за тројка во серијата која траеше пет минути и десет секунди. Видеото е објавено на официјалниот Твитер на Голден Стејт. Кари беше избран како 7-ми пик на НБА-драфтот во 2009 година од Голд […]

Заев помеѓу стоицизмот кон Бугарија и мудроста кон ЕУ


НАНО РУЖИН Потребна ни е и мудрост и политичка интелигенција за да го пребродиме бугарското „татковство“ и европската лежерност за да се качиме на бриселскиот воз   Деновиве еден искусен еврократ и добар познавач на Балканот по повод бугарското вето, резигнирано заклучи дека „доколку до крајот на следната година не се пронајде комрпомис помеѓу Софија […]

Во Србија уште 47 жртви на корона вирусот


Во соседна Србија денеска се пријавени нови 47 смртни случаи од последиците на Ковид-19. Во исто време, има нови 2.693 заразени, од 11.399 тестирани Во болница се лекуваат 9.731 лица, а на респиратор се 305 пациенти. Стапката на смртност изнесува 0,93 отсто. Од почетокот на епидемијата досега во Србија од Ковид-19 починаа 3.030 пациенти, вкупно […]

И Путин реши да прими вакцина против корона вирусот


МОСКВА  – Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе ја прими вакцината „Спутник V“ против корона вирусот, изјави во неделата за рускиот државен ТВ-канал портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Тој рече дека ќе биде вакциниран, ја донесе оваа одлука и чекаше додека не завршат сите формалности“, беше цитиран портпаролот за ТВ-каналот Росија 1 на својата веб-страница. […]

Робустен раст на профитите во кинеската индустрија, седми месец по ред


ПЕКИНГ – Профитот на кинеските индустриски фирми растеше силно во ноември во седмиот месец на добивка, поддржана од силното индустриско производство и продажба, бидејќи производителите продолжуваат со закрепнување од падот од Ковид-19. Добивката во кинеските индустриски фирми порасна за 15,5 отсто во однос на претходната година на 729,32 милијарди јуани (111,50 милијарди американски долари), но […]

Нови 296 заразени, починаа 18 пациенти со Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19, што изнесува 23,6 отсто. Според градови:  -Скопје 90 -Куманово 19 -Дебар 9 -Штип 13 -Прилеп 23 -Тетово 14 -Струга 9 -Велес 16 -Битола 9 -Охрид 15 -Кавадарци 12 -Гостивар 4 -Гевгелија 7 -Струмица 17 -Крива Паланка 4 -Радовиш 1 […]