Нови 296 заразени, починаа 18 пациенти со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19, што изнесува 23,6 отсто. Според градови: 

-Скопје 90
-Куманово 19
-Дебар 9
-Штип 13
-Прилеп 23
-Тетово 14
-Струга 9
-Велес 16
-Битола 9
-Охрид 15
-Кавадарци 12
-Гостивар 4
-Гевгелија 7
-Струмица 17
-Крива Паланка 4
-Радовиш 1
-Кочани 3
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 2
-Валандово 3
-Виница 2
-Делчево 1
-Свети Николе 2
-Кичево 2
-Ресен 9
-Неготино 9

Починати се 18 лица, двајца пациенти од Скопје (59 и 54г), тројца од Штип (49, 82 и 68г), еден пациент од Прилеп (81г), еден од Тетово (64г), еден од Струга (65г), еден од Велес (65г), еден од Битола (61г), еден од Охрид (84г), еден од Кавадарци (75г), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52г), еден од Струмица (57г), еден од Крива Паланка (75г) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти од:

-Скопје 231
-Куманово 26
-Штип 20
-Прилеп 35
-Тетово 25
-Струга 16
-Велес 21
-Битола 23
-Охрид 17
-Кавадарци 3
-Гостивар 19
-Гевгелија 7
-Струмица 2
-Крива Паланка 1
-Радовиш 4
-Кочани 14
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 2
-Пехчево 1
-Берово 1
-Виница 4
-Делчево 7
-Кратово 1
-Свети Николе 10
-Кичево 8
-Ресен 6
-Неготино 3
Досега во земјата се направени вкупно 393.629 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.721, бројката на оздравени пациенти е 59.231, на починати е 2.445, а бројот на активни случаи изнесува 20.045.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 35.241, активни 11376
• Куманово 4.661, активни 571
• Дебар 614, активни 127
• Штип 3.263, активни 303
• Прилеп 4.137, активни 636
• Тетово 4.706, активни 894
• Струга 1.995, активни 350
• Велес 2.710, активни 520
• Битола 2.980, активни 612
• Охрид 2.363, активни 594
• Кавадарци 2.051, активни 588
• Гостивар 3.339, активни 594
• Гевгелија 1.128, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.272, активни 650
• Крива Паланка 601, активни 121
• Радовиш 603, активни 121
• Крушево 161, активни 71
• Кочани 1.577, активни 241
• Пробиштип 441, активни 45
• Демир Хисар 234, активни 40
• Македонски Брод 210, активни 25
• Пехчево 145, активни 25
• Берово 487, активни 50
• Валандово 302, активни 70
• Виница 442, активни 65
• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 192, активни 23
• Свети Николе 1.033, активни 113
• Кичево 1.551, активни 246
• Ресен 634, активни 143
• Неготино 984, активни 332 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.253 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена-199, Биотек-118, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -14, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -47, УК Пулмологија со алергологија–1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 393.629 тестирања на Ковид-19.