Состојба на патишта


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната …

Состојба на патишта Read More »

Кривокапиќ денеска го претставува составот на новата црногорска Влада


Црна Гора – Мандатарот на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ, денеска ќе го претстави конечниот предлог за состав на 42-та Влада на Црна Гора, соопшти Граѓанското движење УРА. Како што се наведува оттаму, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во Подгорица. Кривокапиќ претходно најави дека програмата и предлогот за состав на новата влада ќе ги достави …

Кривокапиќ денеска го претставува составот на новата црногорска Влада Read More »

Џо и Џил Бајден за Денот на благодарноста: Годинава многу маси ќе останат празни за празникот


САД – Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, во честитките по повод Денот на благодарноста, укажаа на загубите што ги претрпеа многу граѓани поради пандемијата на коронавирусот. „Оваа година многу маси низ целата земја ќе имаат празни места. Сепак, како и вашите, и нашето семејство ќе се држи до најважните традиции и ќе …

Џо и Џил Бајден за Денот на благодарноста: Годинава многу маси ќе останат празни за празникот Read More »

Гала оперски концерт и „Болеро“ во НОБ


Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи ексклузивен оперски гала концерт, со солистите: Весна Ѓиновска Илкова (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на оркестарот при НОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од …

Гала оперски концерт и „Болеро“ во НОБ Read More »

Се гради сензорна соба во градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар


Во матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар во тек е изградба на сензорна соба. Општина Центар најави дека увид во активностите денеска ќе извршат министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и градоначалникот Саша Богдановиќ. 

Ќе се снима рекламен спот на патот Велес-Штип, повремени прекини на сообраќајот


Поради снимање рекламен спот денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип. Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината


Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, а кои предизвикаа реакции во јавноста. Заев вчера одговараше на новинарски прашања по реакциите кои ги предизвика неговото …

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината Read More »

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема


Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија на општината заради крајно влошената и загрижувачка ситуација. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, пак, има дилема околу воведувањето  карантин, бидејќи цени дека …

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема Read More »

Охрид воведува тимови со здравствени експерти за помош на лица со попреченост и заболени од Ковид-19


Во Охрид денеска ќе биде презентирана Пилот-програмата за воведување на мултидисциплинарни тимови на здравствени експерти, соодветно обучени и опремени со иновативни мобилни комплети, со цел да можат да испорачаат голем дел од нивните услуги во домовите на лица со попреченост и/или намалена мобилност, со посебен акцент на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти …

Охрид воведува тимови со здравствени експерти за помош на лица со попреченост и заболени од Ковид-19 Read More »

Трамп: Ќе ја напуштам функцијата ако колеџот на електори гласа за Бајден 


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на брифинг за новинарите во Белата куќа изјави дека ќе ја напушти функцијата ако колеџот на електори гласа за неговиот противкандидат Џо Бајден.  По видео конференција со претставници на американската армија во чест на Денот на благодарноста, Трамп беше прашан дали ќе замине во случај гласањето на колеџот …

Трамп: Ќе ја напуштам функцијата ако колеџот на електори гласа за Бајден  Read More »

Дебата „Климатското затоплување на Балканот и обновливите видови енергија“ со амбасадори во Македонија


Во организација на Францускиот институт во Скопје денеска ќе се одржи еднодневна онлајн дебата насловена „Климатското затоплување на Балканот и обновливите видови енергија“. Главните теми на кои ќе се осврнат учесниците се: миграција на населението со силна концентрација во Скопје, производството на електрична енергија базирано на термоелектрични централи и јаглен, недоволната свесност за обновливите извори …

Дебата „Климатското затоплување на Балканот и обновливите видови енергија“ со амбасадори во Македонија Read More »

Оперативец на ЦИА загинал во Сомалија 


САД – Искусен офицер на Централната разузнавачка агенција загинал пред неколку дена во Сомалија, јави синоќа „Фокс њуз“.  Според телевизијата, убиството на офицерот може да ја забави политиката на претседелот Доналд Трамп за повлекување на американската војска од жешките точки како Африка, Сирија или Авганистан. ЦИА има кадар од 700 лица во Сомалија со задача …

Оперативец на ЦИА загинал во Сомалија  Read More »

Сончево со слаб ветер, сабајле со слаба магла


Времето во земјава преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 10  до 18 степени. Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, а …

Сончево со слаб ветер, сабајле со слаба магла Read More »

Скопје со повеќе од 10.000, Прилеп прв град со над 1.000 болни од Ковид-19


Скопје има 10.039 заболени од Ковид-19, а Прилеп е првиот град кој ја надмина границата од 1.000 заболени. Денеска има 1.040 активно заболени од корона вирус. Според епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 25.706, активни 10.039 • Куманово 3.599, активни 940 • Дебар 440, активни 84 • Штип 2.553, активни …

Скопје со повеќе од 10.000, Прилеп прв град со над 1.000 болни од Ковид-19 Read More »

Штедачите во Еуростандард банка стравуваат дека во најдобар случај ќе добијат 5 до 10 отсто од побарувањата


Во најдобра ситуација од ненаплатливите или тешко наплатливите кредити што ги има пласирано Еуростандард банка, може да очекуваме да добиеме од 5 до 10 отсто од нашите средства, истакна вечерва Љуљзим Селами, претставник на штедачите за ТВ 24, во дебата со сопственикот на банката Трифун Костовски и екс директорот Николче Петковски. До овој износ дошол …

Штедачите во Еуростандард банка стравуваат дека во најдобар случај ќе добијат 5 до 10 отсто од побарувањата Read More »

Од Ковид-19 денеска 30 починати, заразени уште 1.160


Во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на Ковид-19 во:   -Скопје 472 -Куманово 58 -Дебар 2 -Штип 43 -Прилеп 78 -Тетово 61 -Струга 29 Велес 32 -Битола 87 -Охрид 47 -Кавадарци 32 -Гостивар 22 -Гевгелија 1 -Струмица 39 -Крива Паланка 6 -Радовиш 2 -Крушево 2 -Кочани 15 …

Од Ковид-19 денеска 30 починати, заразени уште 1.160 Read More »

Во Италија 822 починати од корона вирус денеска


Најмалку 822 лица починаа од последиците на коронавирус во Италија во последните 24 часа, објави италијанското Министерство за здравство. Бројот на починати во последните 24 часа е поголем од претходниот ден, кога беа регистрирани 722 смртни случаи на Ковид-19. Во соопштението се наведува дека уште 29.003 лица биле позитивни на корона вирусот, за разлика од …

Во Италија 822 починати од корона вирус денеска Read More »

Мицкоски побара оставка од Заев, за утре најави блокади во неколку градови


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  вечерва на протест пред Владата побара оставка од премиерот Зоран Заев  по неговите ставови во интервјуто за бугарската БГНЕС во однос на историјата и за утре најави протести со блокади во неколку градови. Оставка на Заев, слобода на народот. Со оваа порака, Мицкоски го почна обраќањето во кое побара Заев јавно …

Мицкоски побара оставка од Заев, за утре најави блокади во неколку градови Read More »

СДСМ ги збива редовите околу Заев


По големите реакции во јавноста по контроверзното интервју и посебно обраќањето на поранешниот партиски лидер Бранко Црвенковски, високите партиски и државни функционери од СДСМ се јавија со редица изјави во кои му даваат поддршка на Зоран Заев. Прво стигна официјалното соопштение на партијата дека она што го изјави Заев е и став на СДСМ, а …

СДСМ ги збива редовите околу Заев Read More »

Заедничко интервју на Рот и Димитров


Германското претседателство со ЕУ е во секојдневен близок контакт со Северна Македонија и Бугарија во потрага по решение за спорот кое би го отворило патот за почеток на пристапните преговори во декември годинава, вели за Ди Велт германскиот министер за Европа Михаел Рот. Тој и вицепремиерот Никола Димитров дадоа заедничко интервју за денешниот број на весникот Ди Велт во кое ги …

Заедничко интервју на Рот и Димитров Read More »