Сончево со слаб ветер, сабајле со слаба магла

Фото: Б. Грданоски

Времето во земјава преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини со појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 10  до 18 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, а во текот на денот претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во сабота во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.