Кривокапиќ денеска го претставува составот на новата црногорска Влада


Црна Гора – Мандатарот на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ, денеска ќе го претстави конечниот предлог за состав на 42-та Влада на Црна Гора, соопшти Граѓанското движење УРА.

Како што се наведува оттаму, прес-конференцијата ќе се одржи на пладне во Подгорица.

Кривокапиќ претходно најави дека програмата и предлогот за состав на новата влада ќе ги достави до Собранието до петок, 27 ноември, а седницата на која пратениците ќе се изјаснат за неа е закажана за 2 декември.