Белгија стравува дека до средината на ноември ќе нема места на интензивна нега


Белгиските здравствени власти почнаа и официјално да предупредуваат за втор бран од Ковид-19 во земјата, и наведуваат дека доколку не се намалат итно бројките одделите за интензивна нега ќе бидат сатурирани за еден месец, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на Кризниот штаб, Ив Ван Латем, на денешната прес конференција порача дека зголемувањето на […]

Пауновски: Немаме доволно инспектори, денеска Министерството за финансии го одби барањето за 20 вработувања


Немаме доволно инпектори меѓутоа максимално со она што се располага, инспекторите се искористени. Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги  користиме за излегување на терен и дење и ноќе во зависност од нивната смена, денеска Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), […]

Мираковска: Очекувам наскоро да се пополнат испразнетите амбасадорски места


Пратеничката Соња Мираковска очекува собраниската Комисија за надворешна политика набрзо да ги сослуша сите кандидати за амбасадори и земјава наскоро да испрати амбасадори во сите земји каде што се испразнети местата. -Верувам дека тоа многу брзо ќе се направи затоа што во текот на наредната недела треба да завршиме со сите 16 амбасадори.Ни остануваат пола, […]

(Видео) Грција бесплатно ќе го чува небото над Македонија


Додека македонското небо ги чека грчките авиони да ја преземат редовната контрола, НАТО организираше виртуелна тура за медиумите во базите во Словенија , Унгарија, Италија и во главната команда за контролата на небото на Алијансата во Рамстејн, Германија. Станува збор за исклучиво одбранбена активност 24/7 која треба да не заштити од неконтролирани летови  во нашиот […]

Утре нов влажен бран со обилни врнежи во северозападните делови од земјата


Под влијание на влажен бран утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Како што најавува УХМР, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, над 30 литри на метар квадратен. Врнежите ќе продолжат и во петок […]

Во ексЈУ беше прекрасно да се снима филм: „Златен објектив“ за Зорка Тодорова Младеновиќ и Коле Ангеловски


Двајца доајени, комплексни автори, личности кои целиот свој живот го посветија на уметноста, ја задолжија македонската кинематографија и оставија траен белег во нашата култура – костимографот Зорка Тодорова Младеновиќ и актерот Коле Ангеловски денеска ги добија наградите „Златен објектив“ за 2020 година од Кинотеката на С. Македонија. Пригодните плакети и значки на лауреатите им ги […]

Поддршката за независност на Шкотска на највисоко историско ниво


Според новата анкета, поддршката за независноста на Шкотска е на највисоко ниво досега. Анкетата, спроведена од „Ипсос МОРИ, открива дека 58 проценти од луѓето во Шкотска кои се изјасниле би гласале „Да“, а 42 проценти рекле дека ќе гласаат „Не“. Кога оние кои се неодлучни се исклучени од вкупниот број, доаѓа 55 проценти за „Да“ […]

Заев и Битиќи до оштетените штедачи од „Еуростандард банка“: Законски до обесштетување


Премиерот Зоран Заев, придружуван од  вицепремиерот Фатмир Битиќи, се сретна со претставниците на Здружението на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“. На средбата претставниците на оштетените штедачи ги предочија проблемите со коишто се соочуваат физичките и правните лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и понудија предлози за можни решенија. Премиерот Заев ги сослуша нивните барања и […]

Рекорд и во БиХ: На корона вирус позитивни 482 лица


  Во последното деноноќие во Босна и Херцеговина потврдени се 482 позитивни на корона вирус, а починаа 11 пациенти. Во Федерацијата новозаразени се 335 луѓе, од 1.839 тестирани. Дисега вкупно тестирани се 175.570а позитивни биле 20.588 лица. Излечени се 16.591, а активни 3.388. Пријавени се осум смртни случаи или вкупно 609. Во Република Српска има […]

Драматичен пораст на заразени во Србија – денеска 245


  Во последните 24 часа во Србија забележани се 245 новозаразени со корона вирус. Тестирани се 6.428 примероци. Почина едно лице. Во болница се 80 пациетни, што е најголем број од 2 септември. На респиратори се 22 пациенти.

Германскиот весник ФАЦ за уцените од Бугарија: Не сте тоа што мислите дека сте


Зошто Бугарија сака да ги спречи преговорите, прашува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и во текст со наслов „Не сте тоа што мислите дека сте“ ги анализира проблемите на релација Софија-Скопје. Дојче веле го пренесува текстот во целост   „Во март земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за почеток на преговори за приклучување со Албанија и Северна […]

Август ги врати домашните туристи – раст од 8,9 отсто во однос на лани, странски „ни за лек“


Туризмот во август годинава бележи пораст кај домашните туристи за 8,9 отсто, при што намалувањето на бројот на странските туристи во овој меец изнесува 92,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесувал 133.704, а бројот на ноќевањата 684.719. Бројот на туристите […]

Пандемијата предизвика драстичен пад на емисиите на штетни гасови


Поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19  забележан е најголем пад на емисиите на штетни гасови, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, во првата половина од годината, соопштија научниците од пекиншкиот Универзитет Цинхуа. Тие тврдат дека е забележан многу поголем пад на мисиите на штетни гасови од времето за финансиската криза во 2008 година, […]

За 200 професионални војници пријавени 1.800 кандидати


На распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1800 кандидати, тоа покажува, потенцира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, дека Армијата ќе се подмладува и може да се подмладува само се вложува во повисоки плати, во подобра опрема, во подобар имиџ и во подобри шанси за сите оние кои работат во Армијата. Според […]

Отворена фабрика за медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра


Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска отвори производствен капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра. Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Чојлија во општина Петровец. Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско-физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани […]

Што се случува во Словенија: Заразен е секој 150. Словенец


Инциденцата во периодот од 14 дена е висока, се искачи на 202,75. На болниците им недостасува обичен кадар, се повикуваат специјализантите, празни кревети на одделенијата за интензивна нега забрзано снемува. Во Словенија само три лаборатории прават тестови за Ковид-19   „Ситуацијата станува сѐ посериозна. Вирусот се шири многу побрзо. Епидемиолошките истражувања сè уште траат. Досега […]

Шилегов: Во моментов се работи на две улици, метежот е надминат


  Во моментов се работи на две улици, тоа е улицата за влез во Скопје „Александар Македонски“ и „8 Септември“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, при денешното отворање на стационарот „Лајка“, прашан за метежот во сообраќајот во главниот град, кој се створи заради паралелна реконструкција на неколку коловози околу центарот. – Другите улици викендов […]

Димитров: На вистината и на проблемите мора да им погледнеме во очи за да ги надминеме предизвиците


Само преку искрен пристап кон отворените прашања и преку отворена комуникација со сите чинители во спроведување на ИПА може да ги придвижиме работите. На вистината и на проблемите  мора да им погледнеме во очи за да ги надминеме предизвиците, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на заседанието на Заедничкиот мониторинг комитет, највисоко тело […]

Кина и Русија, „најголемите кршители“ на човековите права, избрани во Советот за човекови права на ОН


Кина и Русија беа избрани во Советот за човекови права на ОН во вторникот заедно со други 13 земји, што ги разгневи групите за човекови права кои двете нации ги нарекуваат „најголемите прекршители“. Саудиска Арабија, друг кандидат на кој се спротивставуваат активистите, не успеа да освои едно од 15-те слободни места во 47-членото тело на […]

Трговците биле дисциплинирани – во Викендот без ДДВ имало 15 прекршоци за цените


Пазарните инспектори за време на Викендот без ДДВ констатирале 15 прекршоци на Законот за трговија и за заштита на потрошувачите. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција соопшти дека за време на спроведување на Викендот без ДДВ инспекторите на Државниот пазарен иснпекторат извршиле контрола во насока на тоа дали цените на производите внесени […]