И во Германија рекорден број инфекции – 6.638


Германија објави рекордно дневно зголемување на потврдените инфекции со коронавирус, додавајќи 6.638 случаи и вкупниот број од почетокот на пандемијата сега изнесува 341.223. Претходното рекордно дневно зголемување на Германија беше 6.294 на 28 март, според податоците на Институтот „Роберт Кох“. Податоците од четвртокот покажаа дека бројот на починати се зголемил за 33 на 9.710. Според […]

Македонските и бугарските историчари по речиси една година повторно на средба – нов обид за издигнување над политичкиот контекст


Македонските и бугарските историчари денеска по пауза од речиси една година повторно ќе се состанат за да го продолжат дијалогот, кој се води во рамки на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Десеттиот состанок на Комисијата, која е формирана со цел да најде заеднички јазик за […]

Нова станица за мониторинг на квалитет на воздух во Гевгелија


Во Гевгелија денеска ќе биде пуштена во употреба нова станица за мониторинг на квалитет на воздух.  Набавката на мониторинг станицата е реализрана во рамки на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот период“, финансиран од INTERREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и – Република Северна Македонија 2014-2020. Мониторинг […]

Османи ќе реферира за активностите на македонско-бугарското претседавање со Берлинскиот процeс


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес – конференција  ќе ги претстави преземените активности и организациски аспекти во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020) и подготовките за завршниот Самит во Софија на 10 ноември 2020. Преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и Самитот на Берлинскиот процес беше една […]

Лавров во посета на Хрватска на 27 октомври


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Хрватска на 27 октомври и ќе се состане со политичкиот врв на државата, изјави новиот руски амбасадор во Загреб, Андреј Нестеренко. – Министерот Сергеј Лавров на 27 октомври ќе се сретне со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран […]

Јавна седница во Скопска апелација за случајот „Саздовски”


Во Апелациониот суд во Скопје, денеска ќе се одржи јавна седница за случајот „Саздовски”. Предметот во овој суд е по однос на жалбите поднесени од одбраната на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, кој во април 2019 беа осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски. На ова […]

Уште 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство


Владата на синоќешната седница го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година, соопшти владината прес-служба. Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност […]

Продолжува да расте бројот на новозаразени од Ковид-19, најзастапена групата од 30-39 години


Бројот на новозаразени од Ковид-19, продолжува да расте. Последната дневна статистика што ја објави вчера Министерството за здравство покажуват дека скоро 20 проценти од тестираните пациенти се позитивни на корона вирусот, односно од 2.441 направен тест се регистрирани  445 нови случаи. Во Институтот за јавно здравје се регистрирани 194 оздравени пациенти, а во болнички услови […]

Претпладне сончево, попладне дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен […]

Синот на Трамп, Барон, бил позитивен на корона


Барон, 14-годишниот син на претседателот Доналд Трамп, е позитивен на Ковид-19, но не покажал никакви симптоми, откако и двајцата негови родители се заразија со вирусот, изјави во средата првата дама Меланија Трамп. „За среќа, тој е силен тинејџер и не покажа симптоми“, рече Меланија Трамп во изјавата. Таа рече дека оттогаш Барон има негативен тест […]

Беса се согласува Алтернатива да влезе во владата


Ако се суди според изјавата на генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, владата може да се прошири со уште еден коалициски партнер. Хоџа, кој е и министер за земјоделство, вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека неговата партија нема проблем опозициската Алтернатива да влезе во владата. Со тоа би се проширило мнозинството на […]

Во сообраќајката на „Рузвелтова“ загина млад доктор кој работеше во Ковид центарот во Козле


Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“. Според неофицијални информации, Нешковски доживеал срцев удар по што изгубил контрола врз автомобилот. – Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ […]

Аеродром со 400 активни случаи е далеку пред Центар со активно заболени од Ковид-19


Од денешните 445 новозаболени од Ковид-19 во земјава, во Скопје се дури 249. Тоа ја зголеми и бројката на заболени во Општината Аеродром, каде во моментов има 400 активни случаи на заболени, со што оваа општина е далеку пред Центар, каде има 353 активни случаи. Следува Карпош со 344, а Гази Баба и Ѓорче Петров […]

За пописот потребна e јасна политичка изјава дека нема да се злоупотребуваат бројките, порачува Пендаровски


Ќе мора одговорните лидери и на власта и на опозицијата да седнат и да договорат закон за попис кој ќе биде во склад со сите, апсолутно сите највисоки европски стандарди на Еуростат, и второ да договорат, политичка декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот,  се со […]

Имаме исти мерки за заштита од КОВИД-19 со европските земји, но проблемот е во имплементацијата, вели Пендаровски


Од разговорите што сум ги имал со сите луѓе во здравствениот сектор тврдам дека ние не се разликуваме ниту за милиметар од сетот мерки што се преземаат во Холандија, Франција и каде сакате за заштита од КОВИД-19, проблемот е во имплементацијата. Менталитетот на луѓето е таков каков што е, но за жал и менталитетот на […]

Макрон: За прекршување на полицискиот час казна од 135 евра


Францускиот претседател Емануел Макрон во средата изјави дека секој што ќе прекрши полициски час што треба да се воведе во поголемите градови ќе биде казнет со 135 евра. Говорејќи во интервју емитувано на националната телевизија, Макрон рече дека, додека трае полицискиот час, луѓето ќе мора да заборават на ноќните посети на ресторани или на куќи […]

Јувентус под карантин


Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени има позитивен тест за Ковид-19, соопшти клубот. Американецот е втор играч на „бјанконерите“ за два дена, кај кој беше пронајден позитивен тест. Во вторникот стана јасно дека заразен е и голгетерот Кристијано Роналдо. Јувентус најави дека го става во карантин целиот тим како мерка на претпазливост, но […]

ВМРО-ДПМНЕ со 170 амандмани ќе го „напаѓа“ ребалансот на Буџетот


ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 170 амандмани на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот. -Утре ја почнуваме комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, ќе кажам дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за […]

Њујорк тајмс: ЕУ санкционира блиски соработници на Путин поради труењето на Навални  


ЕУ ќе ги замрзне финансиите и ќе забрани влез во Унијата на шест блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин поради труењето и обидот за атентат со отровен хемиски агенс врз рускиот опозиционер Алексеј Навални, дознава Њујорк Тајмс.  Весникот наведува дека под санкции потпаѓаат едни од највисоко поставените службеници во руската власт: Александар Бортников, директор на […]

Онлајн сервисна служба нуди бесплатна поддршка во образовниот процес за деца со попреченост 


Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со цел да овозможи континуитет во својата работа со децата со попреченост, во партнерство со УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика ја креираше платформата Онлајн сервисна служба, која нуди високо-квалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост. Преку платформата, како што соопшти Здружението „Отворете ги прозорците“, се испорачуваат четири вида […]