Беса се согласува Алтернатива да влезе во владата

Ако се суди според изјавата на генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, владата може да се прошири со уште еден коалициски партнер. Хоџа, кој е и министер за земјоделство, вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека неговата партија нема проблем опозициската Алтернатива да влезе во владата. Со тоа би се проширило мнозинството на владејачката коалиција.

Алтернатива на изборите настапуваше во коалиција со Алијансата за Албанците и освои четири пратенички места. Со евентуалното проширување на владината коалиција, парламентарното мнозинство ќе имаа 66 места во Собранието.