Бугарскиот претседател Румен Радев во самоизолација по контакт со заразен од Ковид-19


Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19, јавија бугарските медиуми. Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров. Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и […]

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во седум градови


ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протест со движење на колона возила низ улиците на седум градови во државата против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Освен во Скопје, во исто време имаше протести и во Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола. Дарко Костовски, пратеник во Собранието истакна дека вечерашниот протест во Скопје се […]

Во Франција повторно повеќе од 20.000 новозаразени


  Во франција денеска повторно се регистрирани повеќе од 20.000 новозаболени од Ковид-19, откако вчера тој број падна на 13.243. Денеска беа регистрирани точно 20.468 заразени. Медиумите потсетуваат дека минатата недела пед дена беа регистрирани повеќе од 20.000 заболени, а два дена дури и повеќе од 30.000. Вкупно заболени досега во франција се 930.745 луѓе, […]

(Видео) Папата прв пат се појави со маска


  Папата Франциск денеска за првпат носеше маска додека служеше миса за мир во светот заедно со другите верски лидери. Папата носи бела маска за време на службата во римската базилика Св. Марија, додека претходно носеше маската само во автомобилот во кој патуваше за неделната миса во Ватикан. Тој се најде на мета на критиките, […]

Лига Европа: Металург поразен од Тулуз


Македонскиот ракометен клуб Металург доживеа пораз во првиот натпревар од групната фаза во Лига Европа. Тимот од Автокоманда вечерва беше поразен од француски Тулуз на гости со 33-29 (18-15). Ракометарите на Зоран Кастратовиќ во голем дел од мечот беа достоен противникот, но грешките во одбраната не дозволија да очекуваат нешто повеќе. Во неколку наврати од […]

Доколку биде избран Бајден, НАТО ќе организира Самит уште во март


НАТО разгледува можност за организирање Самит во Брисел уште во март следната година доколку на претседателските избори во САД победи демократот Џо бајден, тврдат дипломати, пренесува Ал Џезира. Доколку биде резибран републиканскиот кандидат Доналд Трамп, тогаш средбата ќе се одржи на почетокот на летото. Минатата година, Алијансата предводена од САД се согласи да одржи состанок […]

Хасани: Да се тестираат сите што биле на свадби


Рестриктивните мерки се единствени мерки со кои може да се спречи ширење на инфекцијата од Ковид-10. Ние се наоѓаме во разумна долна граница на рестриктивни мерки, но ако бројката на новозаболени се зголемува, постои можност да ги засилиме, посочи вечерва заменик министерот за зравство, Илир Хасани. Според Хасани, непопуларно е да се зборува за социјалните […]

Дачиќ ќе биде идниот претседател на српското собрание


Србија-Идната српска влада ќе биде коалициона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година, изјави вечерва српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС) Александар […]

Ирска воведува целосно заклучување во наредните шест недели


Луѓето ќе можат да се движат само пет километри во радиус од нивните домови и е препорачано да не се оди во други куќи   Ирска воведува шестнеделна блокада за да се потисне ширењето на Ковид-19 во, како што рече нејзиниот лидер, „најстрогиот режим на Европа“. Премиерот Михол Мартин го најави потегот во понеделникот вечерта […]

ММФ: И покрај корона-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката


Непрекинатото навремено објавување на квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на Ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај корона-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на […]

Од четврток во Бугарија задолжително носење маски и на отворено


Бугарија – Од четврток во Бугарија ќе биде задолжително носење маски и на отворен простор, со цел подобро справување со епидемијата на коронавирус. – Очекуваме намалување на инциденцата доколку строго се следат мерките. Во други земји ова веќе се спроведува. Ќе им дадеме можност на бугарските граѓани да набават маски и веруваме дека од четврток маските […]

Исплата на октовриските пензии од 27 октомври


Владата на денешната 13-та седница им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат од 27 овој месец. Како што информира владината Прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжила Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија […]

Заев предложи разрешување на Лидија Димова


Премиерот Зоран Заев на денешната 13-та владина седница ги информираше членовите на Владата дека го прифатил барањето на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова, заради неетично […]

Анкета: Откако Трамп се зарази со коронавирус, Американците помалку му веруваат


САД – Мнозинство од жените, повозрасните лица и независните сѐ повеќе ја губат довербата во американскиот претседател Доналд Трамп за информациите што тој ги дава околу Ковид-19, откако самиот се зарази од вирусот, се дознава од најновата анкета на Аксиос/Ипсос. Мнозинство од Американците ги отфрлаат идеите кои Трамп ги пласираше за хидроксихлорин како лек за коронавирус, […]

Надал потврди дека ќе игра во Париз


Франција – Рафаел Надал, носител на 20 Гренд слем титули, ја потврди информацијата на „Марка“, која се појави претходно денес дека тој ќе игра на Мастерсот во Париз во затворен простор, кој започнува на 2 ноември. – Време е за сезоната во затворено… оваа фотографија е од тренинг на Академијата Рафа Надал порано денес… И да, […]

Откажана средбата Заев-Фон дер Лајен заради нејзина самоизолација


Портпаролот на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, призна дека таа ја напуштила Белгија откако одлучила да се самоизолира поради контакт со позитивен на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Фон дер Лајен минатиот четврток го напушти европскиот самит што се одржуваше во Брисел откако дозна дека била во близок контакт со […]

Кои македонски компании имаат најдобра пракса за безбедност и здравје при работа?


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава согласно Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа за 2020 година. Изборот беше во организација на националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на […]

За „тренирањето магариња“


ЃОРЃИ СПАСОВ Градењето и чувањето углед е сериозна работа и грижа на секој менаџмент. Тој се стекнува тешко и мачно, а се губи во миг. И мора да се води професионална грижа за него. Затоа не треба да се навредуваат или омаловажуваат новинарите кои ја истражуваат вашата работа како функционер   Денес во Македонија веќе […]

Филипче: Ако се исполнат болничките капацитети, следува карантин


Доколку се исполнат болничките капацитети со пациенти, во тој случај ќе биде предложен карантин, рече министерот за здравство Венко Филипче, во вестите на Канал 5. Тој појасни дека болничките капацитети забрзано се исполнуваат, па за прв пат и одделението во Кавадарци се користи за згрижување пациенти со Ковид-19. Меѓу болниците во Прилеп и Битола се […]

„Златни пасоши“: ЕУ започна постапка против Кипар и Малта


Европската комисија денеска започна постапка против Кипар и Малта поради моделот според кој тие даваат државјанства во замена за инвестиции, кој уште се нарекува модел на „златен пасош“   Комисијата на ЕУ во образложението на одлуката истакна дека давањето на овие државјанства, а со самото тоа и на ЕУ-државјанство, во замена за однапред одредено плаќање или […]