(Видео) Папата прв пат се појави со маска

 

Папата Франциск денеска за првпат носеше маска додека служеше миса за мир во светот заедно со другите верски лидери.

Папата носи бела маска за време на службата во римската базилика Св. Марија, додека претходно носеше маската само во автомобилот во кој патуваше за неделната миса во Ватикан.

Тој се најде на мета на критиките, особено на социјалните мрежи, поради тоа што не носи маска пред својата публика и повремено доаѓа во релативно близок контакт со верниците.

Папата Франциско, 83, беше на миса со другите христијански лидери во базиликата, вклучувајќи го и патријархот Вартоломеј, духовниот водач на православните христијани.

Во исто време, Евреите се молеа во градската синагога. Будистички, сики, хинду и муслимански водачи исто така се молеа за мир во светот.

Настанот е организиран затоа што бројот на инфекции со корона вирус во светот нагло се зголеми во последните неколку недели.

Инфекцијата е потврдена и кај четворица припадници на швајцарската гарда на Ватикан, елитен и живописно облечен корпус кој го штити папата. Годишниот настан бил инициран од покојниот папа Јован Павле Втори и Римокатоличката заедница Сант Егидио во 1986 година.

Папата Франциско ја извади маската додека се обраќаше, како и другите верски лидери, но ја врати веднаш штом престана да зборува.

На Папата му било извадено едното белодробно крило додека тој бил уште млад и живеел во родната Аргентина. Понекогаш имал потешкотии со дишењето по качувањето по скали.

Џастин Велби, архиепископ од Кантербери и духовен водач на англиканската заедница во светот, требало да присуствува на настанот, но не бил во можност заради ограничувањата со пандемијата на коронавирус.