Во Франција повторно повеќе од 20.000 новозаразени


 

Во франција денеска повторно се регистрирани повеќе од 20.000 новозаболени од Ковид-19, откако вчера тој број падна на 13.243.

Денеска беа регистрирани точно 20.468 заразени.

Медиумите потсетуваат дека минатата недела пед дена беа регистрирани повеќе од 20.000 заболени, а два дена дури и повеќе од 30.000.

Вкупно заболени досега во франција се 930.745 луѓе, а се очекува нивниот број до крајот на неделата да надмине милион,

Министерството за здравство соопшти дека починаа уште 262 лица, со што бројот на жртви се искачи на 33.885.

Во болница се 12.458 пациенти. На интензивна нега се 2.177.