ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД


Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека Техеран е одговорен за испраќање заканувачки електронски пораки до демократските гласачи. Директорот на Националната разузнавачка служба Џон Ретклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј на прес-конференција рекоа дека САД ќе одговорат […]

Умерен земјотрес регистриран во близина на Закинтос


Умерен земјотрес синоќа е регистриран во Јонско Море во близина на грчкиот остров Закинтос. Земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 10 километри длабочина, на 76 километри од Закинтос. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Само во Загреб утрово 705 новозаболени


  Во Загреб, Хрватска денеска се регистрирани 705 нови случаи на зараза со корона вирус, а тестирани се повеќе од 1.900 луѓе. Шокантната бројка за ИНдекс ја потврди директорот на загрепскиот Наставен завод за јавно здравје Звонимир Шостар. Во Загреб вчера имаше 337 новозаразени, а вкупниот број во Хрватска беше 1.424. Денеска, во 10.45 се […]

Расте бројот новозаразени и во Германија


  Во Германија денеска е забележан рекорд по бројот на новозаразени со крона вирус, а прв пат надмина 10.000 од почетокот на кризата. Како што соопшти Инситутот „Роберт Кох“, во последните 24 ласа потврдени се 11.287 нови случаи, а починаа 30 лица. Вкупниот број на заразени порасна на 392.049, а починаа вкупно 9.905 лица, пренесе […]

Папата Франциско поддржува истополови граѓански партнерски заедници


Поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско е првиот папа кој ги поддржа истополовите граѓански партнерски заедници. Папата Франциско во документарниот филм „Франческо“, што вчера беше премиерно прикажан на фестивал во Рим, истакна дека истополовите двојки треба да имаат можност официјално да регистрираат граѓанска партнерска заедница. – Тие се деца на Бог. Не можете некого да го […]

Тесла ги надмина очекувањата за остварување профит


Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ изненади со резултатите за третиот квартал оваа година, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, на начин што остварува профит веќе петти последователен квартал. Вредноста на акцијата се искачи за 4,3 проценти по објавувањето на резултатите, на 440,81 долари, објави Сеебиз. „Тесла“ соопшти дека инсталирале оваа година да имаат капацитет […]

Доделување на Наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Наградите од Европска Унија за истражувачко новинарство за 2019 година ќе бидат доделени денеска на церемонија организирана од Самостојниот синдикат на новинaри и медиумски работници. Предвидено е обраќања да имаат евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир и претседателката на жирито за наградата Весна Никодиновска. Квалификувани за наградата беа истражувачките стории објавени од 1 јануари до 31 […]

СЕ повторно ја повика Хрватска да го запре насилството врз мигрантите


Хрватските власти мора да го запрат насилството врз мигрантите на границата со Босна и Херцеговина и да почнат да ги казнуваат одговорните полицајци, изјави вчера комесарот на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ. Таа истакна дека се уште пристигнуваат извештаи за насилство и покрај тоа што пред две години беа повикани хрватските власти […]

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно-правната комисија. На својата прва седница Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ќе рагелда преставка од граѓанин. […]

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија


Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел на германското претседателство со ЕУ е да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината и оцени […]

Конференција на министрите од ЕУ и од Западен Балкан за правда и внатрешни работи


Министрите од ЕУ и од Западен Балкан денеска ќе одржат видео конференција за правда и внатрешни работи, најави Брисел. Конференцијата е во организација на германското претседателство со Советот на ЕУ, а покрај министрите, ќе учествуваат и еврокомесарите за проширување, правда и внатрешни работи, Оливер Вархеји, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон. Европската комисија најави дека комесарката […]

Вкупно хоспитализирани околу 500 пациенти со КОВИД-19, ќе изддржат ли болниците


Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема пациенти на респиратор, но има петмина во ГОБ „8 Септември“ каде од корона вирусот се лекуваат 47 пациенти. Болничките капацитети забрзано […]

Димитров за „Политико“: Не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров истакна синоќа декa Северна Македонија е посветена на имплеметација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и оти Софија одигра клучна улога во повторно актуелизирање на прашањето за проширување на Европската Унија, но напомена дека досегашниот успех ќе биде ставен во ризик доколку не се најде […]

Сончево со слаба магла, минимални минус три, максимални 25 степени


Времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, претежно сончево, со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе […]

Борат го насамари и исмеа Руди Џулијани


Личниот адвокат на Трамп фатен во непристојна сцена со една актерка која глуми телевизиска новинарка   Репутацијата на Руди Џулијани може да доживее уште еден удар со објавувањето на многу непријатна снимка во продолжението на филмот „Борат“ на Саша Коен Барон. Во филмот, објавен во петокот, поранешниот градоначалник на Њујорк и сегашен личен адвокат на […]

Франција се ближи до милион заразени, Италија со дневен рекорд


Франција има повеќе од 900.000 случаи, така што наскоро би можела да ја премине и озлогласената граница од милион заразени. Франција денеска забележа повеќе од 25.000 нови инфекции по шести пат во рок од 12 дена. Бројот на хоспитализирани се зголеми за повеќе од 700 трет ден по ред, што укажува на тоа дека полицискиот […]

И во Шпанија над милион заразени со Ковид-19


Шпанија го надмина прагот од еден милион заразени со новиот коронавирус и е прва членка на Европската унија со толку голем број заразени лица. Министерството за здравство соопшти дека 16.973 лица биле заразени во последните 24 часа, што е вкупно 1.005.295 од почетокот на епидемијата. Во последните 24 часа починаа 156 лица, а од почетокот […]

Сите згрозени од Каракачанов, Рамадани бара да се извести НАТО


Претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, ја осуди изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој рече дека ќе го испрати инжинерскиот полк на бугарската армија за да ги демонтира спомениците во земјава. -Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна. Бидејќи изјавата доаѓа кога и тие и ние сме членки на […]

Шахтјор го шокира Реал среде Мадрид


Украински Шахтјор го победи шпанскиот великан и повеќратен европски првак, Реал среде Мадрид со 3:2. Уште поневеројатен беше резултатот по првите 45 минути во првото коло од Лигата на шампионите, кога Реал Мадрид губеше со три гола разлика, за на крајот да успее само да го ублажи поразот, иако имаше шанси и за пресврт. Во […]

Почина волонтер што прими вакцина на Оксфорд и АстраЗенека


Бразилските здравствени служби денеска соопштија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцини на британско-шведската компанија Астра Зенека и Универзитетот  Оксфорд. Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот. Анвиса не соопшти други детали за причините за неговата смрт. Федералниот Универзитет во Сао Паоло […]