Расте бројот новозаразени и во Германија


 

Во Германија денеска е забележан рекорд по бројот на новозаразени со крона вирус, а прв пат надмина 10.000 од почетокот на кризата.

Како што соопшти Инситутот „Роберт Кох“, во последните 24 ласа потврдени се 11.287 нови случаи, а починаа 30 лица.

Вкупниот број на заразени порасна на 392.049, а починаа вкупно 9.905 лица, пренесе Ројтерс.

Иако во Германија стапката на заразарност е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, бројот на новозаразени почна нагло да расте со доаѓањето на постуденото време, а надлежните најавуваат заострени мерки ако продолжи трендот.

Министерот за здравство Јанс Шшан вчера соопшти дека е позитивен на корона вирус.