Франција се ближи до милион заразени, Италија со дневен рекорд

Франција има повеќе од 900.000 случаи, така што наскоро би можела да ја премине и озлогласената граница од милион заразени.

Франција денеска забележа повеќе од 25.000 нови инфекции по шести пат во рок од 12 дена.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за повеќе од 700 трет ден по ред, што укажува на тоа дека полицискиот час што неодамна е воведен сè уште не го покажал своето влијание. Бројот на хоспитализирани за прв пат од почетокот на јуни е поголем од 13 илјади. Во Франција, 163 лица денеска починале од коронавирус, со што вкупниот број достигна 34.048.

Италија, европската земја која прва беше погодена од пандемијата, денеска забележа рекорден број на новоинфицирани, 15.199. Претходно, тој рекорд изнесуваше 11.705, а беше забележан минатата недела. Уште 127 лица денеска починаа, што е зголемување за 89 од ден претходно, но сепак е многу помалку од просекот на 900 луѓе на ден кои починаа во март и април.

Бројот на заразени во овој бран во Италија е поправилно распореден по региони, но Ломбардија е повторно најтешко погодена, особено околу најголемиот град Милано. Денеска, Италија има рекорден број тестирани, дури 177.848.