Белгиската министерка за надворешни на интензивна нега поради Ковид-19


Министерката за надворешни работи и поранешна премиерка на Белгија, Софи Вилмес, е хоспитализирана на интензивна нега откако беше заразена со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Четириесет и пет годишната Вилмес пред една недела на социјалните мрежи извести дека е позитивна на вирусот, во меѓувреме состојбата и се влошила и е префрлена на интензивна […]

Светска банка: Рецесијата се продлабочува во Северна Македонија додека КОВИД-19 пандемијата се заканува на економските изгледи


КОВИД-19 пандемијата силно ја погоди Северна Македонија, со ограничување на движењето, нарушени синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба, кои влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност […]

Хрватска со рекордни 1.563 нови случаи со Ковид-19, починаа 13


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.563 случаи со Ковид-19, а бројот на активни случаи се зголеми на 7.380. Починаа 13 пациенти, од кои 10 во Загреб, а тројца во осиек. На болничко лекување се 661 пациенти, а 46 на респиратор. Досега во Хрватска заболеле 29.850 лица, а оздравеа 22.064. Починаа […]

Народната банка ќе соработува со ЕЦБ во заштита на евро банкнотите од фалсификување


Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Договорот е потпишан од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, и со него е предвидено ЕЦБ, на барање на Народната банка, да обезбедува технички информации за оригиналните банкноти во евра, како и […]

Зимска прогноза на „Акуведер“: Во Европа ќе има повеќе бури – Балканот нема да биде одминат


Светски познатата метеоролошка служба „Акуведер“ (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза за Европа. Веднаш на почетокот на прогнозата, се наведува дека земјите во Европа доживуваат нов бран на коронавирус, што предизвика нови ограничувања кои стапуваат на сила само неколку недели пред почетокот на зимата. „Иако е неизвесно како ќе се развива пандемијата во наредните месеци, тимот […]

Заев, Димитров и Османи на онлајн средба со Борел


Првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион, истакнале премиерот Зоран Заев, вицепремиеот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денешната онлајн средба со високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел. Средбата е дел […]

Џафери: Лаптопите биле швајцарска донација за Собранието, не за пратениците


Околу набавката на сто лаптопи  во вредност од по илјада евра во време кога училиштата немаат доволно опрема за онлајн настава, претседателот на Собранието Талат Џафери денес порача дека набавката е дел од соработката со швајцарската амбасада и е објавена од поодамна од Бирото за јавни набавки. Според него, уште лани во јуни го презентирале […]

Напредок за едно место на македонската репрезентација на најновата ФИФА рејтинг-листа


Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок за една позиција на ФИФА рејтинг листата објавена денес. „Црвено-жолтите“ изминатиот период имаат победа над Косово и нерешени исходи со Естонија и Грузија, по што се најдоа на 65.место со 1.356 бода. Репрезентацијата на Грузија против која Македонија ќе игра бараж за пласман на Европското првенство се наоѓа на 86.место […]

Компанијата Круз најави нов автомобил без волан


Американската компанија Круз објави дека, во соработка со својот мнозински сопственик – корпорацијата Џенерал моторс, ќе побара одобрение од надлежните институции за производство на ограничен број возила без волан и контролни педали. Револуционерно возило на Круз, наречено Ориџин, кое беше прикажано пред јавноста во јануари, нема ни волан, ниту педали, туку само две широки седишта, […]

Републиканскиот сенатор Мит Ромни не гласал за Трамп


Сенаторот од Јута, репубиканецот Мит Ромни, не гласал за Доналд Трамп на претседателските избори во САД. На изборите закажани за 3 ноември, во повеќе сојузни држави дозволено е предвремено гласање или гласање по пошта. Во некои држави како Вирџинија, Минесота, Јужна Дакота и Вајоминг, гласањето започна уште на 18 септември. Од кабинетот на сенаторот не […]

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата


По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата. Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган. По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома. Касиди, Иванишин […]

Во Словенија повеќе од 1.600 новозаразени од Ковид-19


Во Словенија се потврдени повеќе од 1.600 нови случаи на корона вирус. Ова е објавено на веб-страницата 24 УР, која секое утро објавува неофицијални информации за вирусот, а за кои подоцна се утврдува дека се точни. Во Словенија стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикаа […]

Меѓународна балканска конференција за музичко – балетското образование


Меѓународна балканска конференција на тема „Состојби и перспективи во музичко – балетското образование“ ќе се одржи од денеска до 25 октомври во Скопје во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. На конференцијата ќе се разгледуваат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко – балетска едукација. Ќе учествуваат музичко – балетското педагози од Словенија, […]

Стевановиќ: Почитувајте ги мерките, болниците се полнат


Почната е хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Постои систем на мобилизирање медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и […]

Фрчат казни, а маски не се носат – казнети 899


Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Во моментот како активно заразени се водат 6.069 лица на целата територија, од кои 2.983 […]

Синдикатот на полиција во Македонија за вработените бара додаток за борба против корона вирусот


Синдикатот на полиција во Македонија од Владата и од министерот Оливер Спасовски бара да воведат додаток за вработените во полицијата за борба против корона вирусот, бидејќи, како што посочуваат оттаму секојдневно се изложени на висок ризик од зараза. -Вработените во полицијата секојдневно се изложени на висок ризик од зараза поради контактите со голем број луѓе. […]

Грузија: Ослободени 43 заложници, напаѓачот во бегство


Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека 43 заложници се ослободени од филијалата на Банка на Грузија во градот Зугдиди, а напаѓачот побегнал. Напаѓачот се уште е на слобода, а со себе земал и тројца заложници. Неидентификуван вооружен маж вчера упадна во филијала на Банка на Грузија и зеде заложници. Според локални медиуми тој […]

Помпео: Уште шест кинески медиуми означени како странски мисии


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека Стејт департментот означил уште шест кинески медиуми како странски мисии и објасни дека овој потег има за цел „потиснување на комунистичката пропаганда“. Помпео на прес-конференција рече дека Соединетите Американски Држави утре ќе започнат дијалог за Кина со Европската унија. Тој додаде дека во недела ќе отпатува за […]

Чешка со близу 15.000 новозаболени во еден ден


  Во Чешка во послендите 24 часа регистрирни се 14.968 заразени со корона вирусот, соопшти Министерството за здравтво. Чешките власти порано воведоа остри мерки за сузбивање на ширењето на вирусот. Ќе работат само маркетите за храна и аптеките, а граѓаните се повикани да не излегуваат од дома освен за на работа и за на лекар. […]

Пол Мaкартни најави нов албум во декември, „McCartney III“


Aнглија– Познатиот британски музичар Пол Макартни на 11 декември годинава ќе го издаде својот албум „McCartney III“. Се работи за нова колекција песни напишани, отсвирени и продуцирани од поранешниот член на „Битлс“, точно половина век по неговиот прв соло-албум. Новиот албум е издаден од „Капитол рекордс“, а снимен во Сасекс, на југот на Англија. Како […]