Чешка со близу 15.000 новозаболени во еден ден


 

Во Чешка во послендите 24 часа регистрирни се 14.968 заразени со корона вирусот, соопшти Министерството за здравтво.

Чешките власти порано воведоа остри мерки за сузбивање на ширењето на вирусот.

Ќе работат само маркетите за храна и аптеките, а граѓаните се повикани да не излегуваат од дома освен за на работа и за на лекар.

Во Чешка од почетокот на пандемијата заразени се 208.915 лица.

Во последните 24 часа починаа 69 лица, со што бројот починати се зголеми на 1.739.