Фрчат казни, а маски не се носат – казнети 899


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 899 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Во моментот како активно заразени се водат 6.069 лица на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје.