Расправа за ковидот, расните прашања, плаќањето даноци… што ја одбележа втората дебата на Трамп и Бајден (видео)


Американскиот претседател Доналд Трамп имаше многу поголема контрола од првиот пат и не го прекинуваше многу противкандидатот Џо Бајден Доналд Трамп и Џо Бајден се судрија во четвртокот за тоа како да се управува со пандемијата со корона вирусот, за расните прашања во САД, а разменија и обвинувања за корупција, на втората и последна претседателска […]

ФДА го одобри „Ремдесивир“ за лекување Ковид-19


Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) го одобри првиот лек за лекување на Ковид-19: Ремдесивир, антивирусен лек што се дава интравенски на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Лекот е одобрен за итна употреба од пролет, и сега е првиот лек што добил целосно одобрување во САД за третман на Ковид-19. Лекот, […]

Промовирани Стела и Сани, првите македонски 3Д анимирани ликови


„Стела и Сани“, се малите херои од првите 3Д анимирани видеа наменети за едукација и анимација на деца создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Висуал” со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на Јавен повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. – Досега, ова студио […]

Кризата предизвикана од КОВИД-19 ја зголемува сиромаштијата


Здравствената криза предизвикана од КОВИД-19 во светски рамки, а со тоа и кај нас во моментов е најголем предизвик со кои се соочуваат сите земји. Покрај предизвиците во областа на здравството и здравствените системи, таа ја разниша економијата во целиот свет, предизвика пропаѓање на бизниси, намалување на платите и приходите на граѓаните воопшто, отпуштања од […]

Македонија подготвена за Првата меѓувладина конференција со ЕУ, но дали ќе се најде решение со Бугарија


Највисоките претставници на институциите на ЕУ, наместо на средба во Брисел, поради Ковид-19 вчера преку повеќе видеоконференциски разговори, ја потврдија поддршката на Северна Македонија и ја охрабрија Владата да продолжи со реформските напори. Во разговорите, премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, изразија надеж […]

Сончево време со слаб ветер од променлив правец


Времето денеска ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје, сончево време со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе […]

Денот на македонската револуционерна борба се одбележува под посебни услови поради пандемијата


Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани. Годинава, поради пандемијата со Ковид-19, одбележувањето ќе се одржи со запазување на протоколите за спречување и заштита од коронавирусот, односно со носење на заштитни маски и одржување на соодветно растојание. Според […]

Косовскиот премиер Хоти во посета на Скопје


Владина делегација на Република Косово предводена од премиерот Авдулах Хоти денеска престојува во официјална посета на земјава. Хоти во Скопје ќе има тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе имаат официјална средба заедно со делегациите на двете земји и заедничка прес-конференција. Косовскиот премиер ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Влада: Прифатена оставката на Јовановска, мандатот на Тозија не е продолжен, разрешен Хајредини


Владата вечерва на седница донесе повеќе одлуки за именувања на директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва. Прифатени се оставките на досегашната директорка на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, на директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули и на заменик директорот на Агенцијата за иселеништво […]

Владата ги утврди законите за имплементација на четвртиот пакет мерки


Владата на денешната 14-та седница го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година. Со овој закон, информираат од владинатапрес-служба, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза […]

Никола Попоски позитивен на Ковид-19


Поранешниот министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски вечерва соопшти дека е позитивен на Ковид-19. – Добив позитивен разултат на тест за ковид. Добар сум и немам симптоми. Не смееме никако да ја потценуваме епидемијата, напиша Попоски на Фејсбук.  

Полскиот суд ги забрани речиси сите абортуси


Поради епидемијата со корона вирусот ќе биде многу тешко да се организираат протести против одлуката   Највисокиот полски суд во четвртокот ја заостри една од најтешките регулативи на ЕУ за абортус со одлука дека абортусите направени поради фетални дефекти се неуставни. Пресудата значи дека полските жени можат да абортираат само во случаи на силување или […]

Дурловски не издржа во Собранието – се откажа од пратеничкото место


По два месеци поминати како пратеник Игор Дурловски се откажа од своето место во Собранието. Во објаснувањето на својот потег преку статус на Фејсбук тој вели дека „политичката прагма станува поважна од моралот“, иако не кажува конкретно на што и на кого мисли. Иако вели дека тоа што го зборувал сега не можел да го […]

Словенија во тревога: Се затвора сѐ – градинки, хотели, продавници, ресторани, кафулиња, кина, театри…


Драконските мерки ќе важат една недела, а владата идниот четврток ќе одлучи дали ќе има нивно олабавување или уште поголеми ограничувања   Словенечката влада денес донесе одлука за заострување на рестриктивните мерки поради големото ширење на Kовид-19, објави премиерот Јанез Јанша на прес-конференција во Љубљана и најави запирање на повеќе економски и јавни активности во […]

Филипче бара Западен Балкан да воспостави подобра координација за справување со Ковид


Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот бугарски колега Костадин Ангелов денеска преку видеоконференциска врска копретседаваа со состанокот на министри за здравство во рамки на Берлинскиот процес, кој годинава за првпат на агендата го вклучува секторот здравство. – Тема на дискусија на министерскиот состанок беше здравствениот одговор во услови на Ковид-19 во регионот и пошироко, […]

Суперексплозија во Франција: Заразени 40.000 луѓе од Ковид-19 за 24 часа


Во Франција 41.622 лица се заразени со Ковид-19  во изминатите 24 часа, што е за 15.000 повеќе од претходниот ден, соопшти вечерва Институтот за јавно здравје. Франција се приближува до бројката од еден милион заразени (999.043). Во таа држава 165 лица починаа во последните 24 часа, а 34.210 од почетокот на епидемијата. Францускиот премиер Жан […]

Грција воведува полициски час заради зголемениот број новозаразени со Ковид-19


  Грција ќе воведе ноќен поливиски час во подрачјата кои се најмногу погодени од Ковис, 19, изјави во четвортокт премиерот Киријакос Мицотакис, најавувајќи ограничување на движењето во неколку подрачја во земјата, вклучително и Атина. Претходно, властите пријавија 882 нови случаи со корона вирус, што е нов максимум, откако во средата беа забележани нови 865, пренесува […]

Путин не исклучува во иднина воен сојуз со Кина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека нема потреба од руско-кинески воен сојуз сега, но дека може да се склучи во иднина. – Нам (сојузот со Кина) не ни треба, но теоретски, сосема е можно да се замисли, рече Путин на прашањето за можноста за воен сојуз меѓу Москва и Пекинг, за време на видео-конференција […]

Позитивeн тест во Металург, целиот тим оди во изолација


Во ракометниот клуб Металург се појави нов позитивен случај на коронавирус кај ракометар, па така целата екипа ќе мора да оди во изолација. Ова решение доаѓа поради незаштитен контакт на ракомеатрот, кој покажувал симптоми, при заеднички оброци и тренинзи со останатите. Поради позитивниот случај и изолацијата, натпреварот помеѓу Металург и Богданци, кој требаше да се […]

Љупчо Георгиевски ја почна мисијата во Бугарија


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски, се сретна со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Георгиевски пристигна во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. „Јас и мојот тим денеска остваривме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер од 1998 до 2002 […]