Суперексплозија во Франција: Заразени 40.000 луѓе од Ковид-19 за 24 часа

Во Франција 41.622 лица се заразени со Ковид-19  во изминатите 24 часа, што е за 15.000 повеќе од претходниот ден, соопшти вечерва Институтот за јавно здравје.

Франција се приближува до бројката од еден милион заразени (999.043). Во таа држава 165 лица починаа во последните 24 часа, а 34.210 од почетокот на епидемијата.

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека полицискиот час ќе се прошири на уште 38 региони од сабота и ќе опфати вкупно 46 милиони луѓе или две третини од населението.

Кастекс предупреди дека предвидува построги мерки доколку епидемијата на корона вирусот не биде под контрола.