Сончево време со слаб ветер од променлив правец

Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево со слаба утринска магла по одделни котлини и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево време со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавувата дека времето во следните два дена ќе се задржи стабилно со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста, утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните ќе опаднат за 3-5 степени.