Љупчо Георгиевски ја почна мисијата во Бугарија


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски, се сретна со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Георгиевски пристигна во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји.

„Јас и мојот тим денеска остваривме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер од 1998 до 2002 година Љубчо Георгиевски“, напиша Захариева на Фејсбук.

Георгиевски смета дека Софија не разбира што значи македонски претседател или премиер да објави дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија.