Бајден води десет проценти пред Трамп


Американскиот демократски кандидат Џо Бајден ја зголеми предноста во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп и таа сега изнесува десет процентни поени, според последната анкета на Фокс њуз. Според резултатите, за тимот Бајден-Харис би гласале 53 проценти од избирачите, а за републиканското дуо Трамп-Пенс 43 проценти. Анкетата била спроведена низ целата земја по првата претседателска дебата и откако беше […]

Почина струшкиот јавен обвинител Неделкоски


– Денеска во Струга, на 65-годишна возраст почина Никола Неделкоски, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга. Никола Неделкоски беше роден на 14 декември 1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26 март1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето […]

Од 1.203 заразени со Ковид-19 најмногу на возраст над 60 години


 Од 1.203 заразени со Ковид-19 во периодот од 28 септември до 4 октомври најголем број – 239 (19,9 отсто) се лица на возраст над 60 години, 222 (18,5 отсто) од 30 до 39 години, 220 (18,3 отсто) од 40 до 49 години, 200 (16,6 отсто) од 50 до 59 години, а 194 (16,1 отсто) на […]

Рускиот патријарх во карантин


Патријархот Московски и на цела Русија Кирил соопшти дека е во карантин по контакт со лице заразено со коронавирусот. Рускиот патријарх поради тоа ја откажа традиционалната посета на Троице-Сергиева Лавра. – Со длабоко жалење сакам да ве известам дека овој пат не можам да ја споделам радоста на молитвата со вас. Причината за ова е […]

ЗНМ за извештајот на ЕК: Некои медиуми се уште се орудие на партиски центри


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) укажува дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, а во делот поврзан со слободата на изразување се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна […]

Синдикалната минимална кошничка во септември 33.621 денар


Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за септември 2020 година изнесува 33.621 денар. Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.064,5 денари, на домување 1. 788,99, на хигиена 23.79,82, на превоз 2.466,69, на облека и обувки 2 138,02, на култура 1 066,79, додека […]

Колку пари потрошиле општините за набавка на моторни возила и камиони?


Во периодот од 2017 до 2019 година, општините Македонија потрошиле вкупно околу 2 милиони евра или 140 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони, објави Ценарот за економски анализи. Според податоците што се достапни на интернет страницата на овој економски истражувачки институт, дури 85 отсто од потрошените средства биле за набавка на моторни […]

Пендаровски се сретна со Лајчак


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020”, денеска во Братислава оствари средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со најновиот развој на настани во регионот, предизвиците со кои се […]

Куманово ќе продолжи со поставување на подигнати пешачки премини


Различни се реакциите на граѓаните во однос на поставувањето на подигнатите пешачки премини во Куманово, вели кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, но општината ќе продолжи со поставување на овие средства за намалување на брзината на возилата, со цел поголема безбедност на пешаците. Од една страна има група граѓани кои постојано бараат поставување на т.н. „лежечки полицајци“, […]

Бислимовски: Потрошувачите имаат право на надомест за лошо греење


Енергетските компании се подготвени за зимскиот период кој следува, производството на електрична енергија е стабилно, испораката е сигурна, а компаниите се соодветно екипирани согласно препораките од Министерството за здравство, е заклучокот од координативна средба што се одржа на иницијатива на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и ЕВН. […]

Развојната банка објави јавен повик за четвртиот пакет економски мерки 


Развојната банка (РБРСМ) на својата веб-страница објави јавен повик, со кој се понудува можност на компаниите-корисници на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за дополнителни три месеци. Јавниот повик, информираат од Владата, ќе трае во наредните седум дена, односно заклучно со 14 […]

Во изолација 53 ученици и осум наставници од почетокот на учебната година


Вкупно 53 ученици и осум наставници се во изолација од почетокот на учебната година досега. Министерството за образование и наука соопшти дека во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно со протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширење вирусот и да се заштитат останатите […]

Во Берлин воведен полициски час за баровите и рестораните


Ноќниот живот во Берлин ќе биде затворен за прв пат по 70 години, бидејќи германскиот главен град – љубител на забави – се обидува да ги запре спиралните стапки на инфекции со корона вирус. Од сабота баровите, рестораните и оние што немаат лиценци ќе мора да ги затворат вратите меѓу 23 и 6 часот наутро, […]

Уште 22 првачиња  во изолација во ОУ „Гоце Делчев“  во Центар


Во две паралелки од основното училиште „Гоце Делчев“ во изолација се уште 22 првачиња, покрај 17-те други за кои беше соопштено вчера. Општина Центар информира дека мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, детето го носела на настава. […]

(АУДИО) Две нови „бомби“ за затворањето на А1 ТВ


На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“. Овој пат станува збор за телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија, објави Нова ТВ. Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната […]

Винил хлоридот од ОХИС стигна во Германија, ќе биде согорен


Цистерната под притисок со Винил Хлорид Мономер безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја, информира Министерството за животна средина, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина. Согласно известувањето добиено од фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина кој го надгледуваше целиот процес, […]

Двајца лекари и три медицински сестри од струмичката болница позитивни на Ковид-19


Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација, потврди директорот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, д-р Наќе Гогов. Според него отсуството од работа на лекарите и сестрите се чувствува во секојдневното работење и тешко се организира работата на одделенијата од каде се заразените. […]

За 35,5 отсто зголемен бројот на заразени со Ковид-19


Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 28 септември до 4 октомври, тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од […]

Кејт Мидлтон се враќа на кралските должности: Во сино ѝ е најпријатно


Aнглија-Војводата и војвотката од Кембриџ постепено се враќаат на кралските ангажмани. Вчера, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им се придружија претседателот Володимир Зеленски и Првата дама Олена Зеленска од Украина на приемот во Бакингемската палата. Ова го означува првиот кралски ангажман во палатата по карантинот, потврдија од палатата за PA Media. За кралскиот состанок, војвотката […]