Бајден води десет проценти пред Трамп

Во фирмата „Џонс Деј“ која го застапува Трамп, адвокатите донирале 90.000 долари за Бајден, а само 50 долари за Трамп

Американскиот демократски кандидат Џо Бајден ја зголеми предноста во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп и таа сега изнесува десет процентни поени, според последната анкета на Фокс њуз.

Според резултатите, за тимот Бајден-Харис би гласале 53 проценти од избирачите, а за републиканското дуо Трамп-Пенс 43 проценти.

Анкетата била спроведена низ целата земја по првата претседателска дебата и откако беше објавено дека Трамп е заразен со коронавирусот.

Истражувањето покажува дека Бајден ја зголемил својата предност во последниот месец за пет процентни поени.

Кога станува збор за избор на претседател, најважните теми за испитаниците се коронавирусот и економијата, а потоа следуваат здравствената заштита, проблемот со расизмот и криминалот