Од 1 октомври нов Повик на ФИТР – за иновациски ваучери


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го промовираше Јавниот повик за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери. Целта на Повикот е поттикнување на соработката меѓу компаниите и науката во насока на спроведување иновациски активности кои ќе ја зголемат конкурентноста на бизнисите. Преку ваучерите ќе се доделат вкупно 15.000.000 денари. Средствата може да се […]

Непал и Кина ќе ја објават новата висина на Монт Еверест


Во некое време во блиска иднина – по чекање од една деценија – светот ќе ја дознае новата висина на Монт Еверест. Кина и Непал се здружија за да ја измерат највисоката планина во светот која се наоѓа меѓу нивните граници и, според меморандумот за разбирање од 2019 година, тие мора заедно да ги објават […]

Денот кога светот застана – 19 години од уривањето на кулите близначки во Њујорк (видео)


На денешен ден во 2001 година членови на Ал Каеда киднапираа четири американски авиони и извршија истовремен напад врз неколку цели во САД. Два од авионите удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, попознати и како „Кулите близначки“. Третиот авион се урна во зградата на Пентагон, крај Вашингтон, а четвртиот се урна во […]

Продолжен рокот за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води во Скопје


Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје, информираат од Водовод и канализација. Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува и […]

Индија со нов рекорд, од Ковид-19 за еден ден заразени над 96.000 лица


Во Индија е забележан нов рекорден дневен пораст на бројот на лица заразени со коронавирус – 96.551 случаи, како што беше потврдено денеска. Бројот на лица заразени со вирусот во Индија расте побрзо отколку на кое било друго место во светот, а Соединетите Американски Држави се единствената земја што е потешко погодена од пандемијата. Бројот […]

Во Словенија првпат над 100 нови случаи на корона вирус за еден ден


Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 108 нови случаи на корона вирус. Словенечките медиуми наведуваат дека тоа е рекорден број и првпат да има повеќе од 100 случаи во еден ден. Во последните два дена биле направени повеќе од 2.000 тестови, но како што пишува „Дело“ не е познато колку тестови се направени […]

До крајот на септември нема слободно место во „Мој термин“ во болниците


Ако не сте итен случај, а сакате во септември да ве прегледа специјалист од Клинички или во ГОБ “8 септември” нема да може зошто нема термини преку “Мој термин”. На повеќе Клиники и во градската општа болница до крајот на месецот пополнети се местата речиси за сите специјалности. Од друга страна ако сакате да изберете […]

Умерен земјотрес регистриран во Грција


Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, во 6 часот утрово беше регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, епицентарот бил во морскиот дел во Коринтскиот залив, 50 километри северозападно од Атина. 

Се подготвуваат платежните картички за пензионерите и невработените


Наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите. За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ по здравствената криза поради корона вирусот, Владата го најавува четвртиот пакет на економски мерки со кој  платежни картички ќе им бидат доделени  на пензионерите […]

Џо Бајден цел на руски хакери


ВАШИНГТОН – „Мајкрософт“ неодамна предупреди дека една од главните советнички фирми за изборна кампања на кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден е мета на руски хакери поддржани од државата, според четири лица информирани за ова прашање. Обидите за хакирање беа насочени кон персоналот на СКДК со седиште во Вашингтон, фирма за стратегија за […]

СЗО: Коронавирусот ќе биде ставен под контрола за две години


Швајцарија – Светската здравствена организација не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација. Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 за пандемија со неколку жаришта. „Од […]

Серeна изненадувачки елиминирана од Азаренка на УС Опен


Викторија Азаренка стави крај на соништата на Серена Вилијамс за освојување на рекордна 24-та грен слем титула на овогодинешниот УС Опен. Во мечот од полуфиналето, тенисерката од Белорусија се врати по загубата на првиот сет и ја победи шесткратната освојувачка на турнирот со 1-6, 6-3, 6-3 за 1 час и 56 минути. Вилијамс продолжува да […]

Користете ги алтернативните рути за влез во Скопје додека се реконструира Бул. Александар Македонски


Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек. – Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон […]

Како софтверот стана оружје?


Љубителите на филмовите за најпознатиот таен агент – Џејмс Бонд знаат дека 007 секогаш има голем број апарати и уреди кои можат да отворат која било врата, да пристапат до податоци и сами да поразат „куп“ непријатели. Во реалноста, новите агенти 007 се анонимни, работат од владини агенции, па дури и (официјално) приватни компании – а нивното главно оружје […]

Бројот на заразени од коронавирус во Јужна Америка надмина осум милиони


САД – Бројот на заразени со коронавирус во Јужна Америка надмина осум милиони и сега е континент со најмногу случаи, иако во некои земји вирусот се шири побавно од порано. Врз основа на податоците од владите на земјите од Јужна Америка, беше утврдено дека во текот на оваа недела, просечниот број на нови случаи за еден ден […]

Заштита со стил: Кој нема чанта Луј Витон може да има визир со луксузен монограм


Франција- Епидемијата на коронавирус принуди милијарди низ целиот свет да се навикнат да носат маска за лице. Секако, тие можат да бидат непријатни на моменти, но тоа е мала цена што треба да се плати за да се зачувате себе си и другите за време на пандемијата. Но, ако барате уште поголема заштита следниот пат […]

Монако: Принцот Жак и принцезата Габриела тргнаа на училиште


Монако-Принцот Жак и принцезата Габриела од Монако се во трка со принцот Џорџ и принцезата Шарлот да победат како најфотогенично кралско дуо. Принцот Алберт и принцезата Шарлин неодамна споделија ретка фотографија од 5-годишните близнаци на официјалната страница на Фејсбук во палатата. Искрената слика беше направена на нивниот прв училишен ден и ја прикажува принцезата Габриела […]

Најавено конституирање на собраниските комисии


Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува денеска да одржат седница на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов веќе потврди дека парламентарните партии постигнале договор за тоа кој ќе претседава комисиите. Потоа составот на комисиите треба да помине и на пленарна […]

САД го укинуваат засилениот медицински преглед на аеродромите


САД– САД планираат следната недела да го укинат засилениот медицински преглед на патници од одредени земји на 15 аеродроми. Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека Владата, почнувајќи од понеделник, ќе ги отстрани мерките воведени во февруари за да се спречи ширењето на Ковид-19, ЦДЦ наведува дека сегашниот преглед, кој вклучува проверка на […]

Два протеста во Скопје против поскапувањето на струјата


Два протестни марша против поскапувањето на струјата се најавени за попладнево во Скопје. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера на прес-конференција најави нов протест за попладнево против поскапувањето на струјата. Како што рече тој, протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните […]